Известување за дигитална телевизија, Предупредување за неподвижна слика, Обезбедување на просторот за инсталација – Samsung UE46D7000LS User Manual

Page 224

Advertising
background image

Македонски - 2

За повеќе информации за начинот на користење на e-Manual (стр. 14)

Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат

од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот можат да се променат без

претходно известување.

Известување за дигитална телевизија

1. Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски

сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C

(MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.

2. DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува

стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (Electric Programme Guide), VOD

(Video On Demand) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.

3. Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме

компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.

4. Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви

наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.

5. Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со

некои даватели на кабелски услуги.

6. За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.

Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави. Проверете

ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на Samsung, за да

дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.

Предупредување за неподвижна слика

Избегнувајте прикажување на неподвижни слики на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од неподвижни слики (како

лого ознаки од телевизиски програми, панорамски слики или слики во 4:3 формат, лента за известувања за берзата или новости на дното од

екранот итн.). Постојаното прикажување на фотографии може да предизвика двојни слики на LED екранот, кои ќе го намалат квалитетот на

сликата. За намалување на ризикот од ваквиот ефект, следете ги препораките кои се наведени подолу:

• Избегнувајте прикажување на истиот телевизиски канал во долги временски периоди.

• Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран, а за најдобро усогласување користете го менито за поставување формат на слика

на телевизорот.

• Намалете ги вредностите за осветленост и контраст на потребното минимално ниво за да го добиете саканиот квалитет на сликата,

бидејќи премногу големите вредности може да го забрзаат процесот на горење на екранот.

• Употребувајте ги често функциите на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот, а за

повеќе детали погледнете го e-Manual.

Обезбедување на просторот за инсталација

Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да овозможите соодветна инсталација.

Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради зголемување на внатрешната

температура на производот.

Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung Electronics.

• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај производот или повреда поради

неисправност на уредот.

Изгледот може да се разликува во зависност од производот.
• Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.

Инсталација со држач.

Инсталација со ѕиден носач.

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во Европската унија и другите европски земји со системи за одвојување на отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр.

полначот, слушалките, USB кабелот) на крајот од нивниот работен век не треба да се отстрануваат заедно со останатиот

отпад од домаяинството. За избегнување на возможна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со

неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги

рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси. Физичките

лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната

самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината. Деловните

корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка.

Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој производ

(Применливо во Европската Унија и други европски земји со засебни системи за враяање батерии)

Оваа ознака на батеријата, во упатството или на пакувањето означува дека батериите од овој производ не треба да

се отстранат заедно со останатиот отпад од домаяинството на крајот од нивниот работен век. Каде што се означени,

хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво

во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз

човековото здравје или животната средина. За заштита на природните ресурси и поддршка на повторното користење

на материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот отпад и да ги рециклирате преку Вашиот

локален, бесплатен систем за враяање на батерии.

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

[UD7000-XH]BN68-03438D-03L17.indb 2

2011-05-11 오후 5:17:35

Advertising
This manual is related to the following products: