Македонски – Beko CWB 9610 X RU User Manual

Page 39

Advertising
background image

- 39 -

D= taster DRUGA BRZINA
E= taster TREĆA BRZINA

OGRAĐUJEMO SE OD BILO KAKVE ODGOVORNOSTI ZA
EVENTUALNU ŠTETU NASTALU ZBOG NEPOŠTOVANJA
NAVEDENIH UPOZORENJA

МАКЕДОНСКИ

MK

ОПШТО

Прочитајте ги внимателно следните важни информации
за местењето, безбедноста и одржувањето. Чувајте ја
брошурата на достапно место за подоцнежна референца.
Апаратот е конструиран за употреба како верзија за во
вентилација (издувување воздух нанадвор – слика 1B),
верзија со филтер (кружење на воздухот внатре - слика
1A) или со надворешен мотор (слика 1C).

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

1. Внимавајте кога аспираторот работи заедно со отворено
огниште или плински шпорет коишто зависат од околниот
воздух и не се на електричен погон, бидејќи аспираторот го
влече воздухот што им е потребен за горење. Негативниот
притисок во околината не смее да надминува 4Pa (4x10-5
bar). Овозможете соодветно проветрување во околината за
безбедна работа на аспираторот. Почитувајте ги локалните
закони што важат за издувување воздух надвор.

Пред да го поврзете апаратот со електричната
мрежа:
- проверете на плочката со податоци (сместена внатре
во апаратот) за да видите дали напонот и моќноста се
соодветни за електричната мрежа и приклучоците.
Ако се сомневате, посоветувајте се со квалификуван
електричар.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се замени со друг
кабел или посебен комплет за напојување којшто може да
се набави директно од производителот или од Центарот
за техничка помош.
- Поврзете го апаратот со електричната мрежа преку
приклучок обезбеден со осигурувач од 3 A или со 2 фазни
жици заштитени со осигурувач од 3 A.

2. Предупредување!
Во одредени околности електричните апарати може
да бидат опасни.
А) Не проверувајте ја состојбата на филтрите додека
работи аспираторот.
Б) Не допирајте ги сијалиците или подрачјето околу нив
за време или после подолга употреба на инсталацијата
за осветлување.
В) Забрането е фламбирање под аспираторот.
Г) Избегнувајте отворен пламен бидејќи е опасен за
филтрите и може да предизвика пожар.
Д) Постојано проверувајте ја храната што се пржи затоа
што прегреаното масло може да предизвика пожар.
Ѓ) Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред
какво било одржување.
Е) Апаратот не е наменет да го употребуваат мали деца
или немоќни лица без надзор.
Ж) Треба да се внимава мали деца да не си играат со
апаратот.
З) Мора да има соодветно проветрување во

просториите каде што аспираторот се користи заедно
со апарати што горат гас или други горива.
Ѕ) Постои опасност од избивање пожар ако апаратот
не се чисти согласно со упатствата.

Апаратот е произведен според барањата на европската
Директива EC/2002/96 за отпадна електрична и електронска
опрема (WEEE). Фрлајќи го апаратот на соодветен начин,
корисникот помага да се спречи потенцијалната штета за
животната средина и здравјето.

Симболот

на производот или на придружната

документација укажува дека апаратот не смее да се фрла
како обичен отпад, туку да се однесе на соодветно место
за рециклирање електрични и електронски апарати.
Почитувајте ги локалните упатства за фрлање отпад. За
повеќе информации за обработката, повторната употреба
и рециклирањето на овој производ, обратете се кај
локалните власти, комуналната служба или продавницата
кадешто сте го купиле апаратот.

УПАТСТВО ЗА МЕСТЕЊЕ

Составувањето и поврзувањето на електриката треба да
го вршат квалификувани лица.

• Поврзување на електриката
Апаратот е производ од класа II, што значи дека не е
потребно вземјување.
Поврзувањето со електричната мрежа треба да се изврши
на следниов начин:
КАФЕНА = Фаза
СИНА = Нула
Ако не е приложен, поврзете приклучок за електричното
оптоварување означено на етикетата. Ако е приложен
приклучок, аспираторот треба да се намести така што тој
ќе биде лесно достапен.
Доколку приклучувањето е директно во мрежата, меѓу
апаратот и електричната мрежа треба да се постави
повеќеполен прекинувач со минимално растојание
од 3 mm меѓу контактите, соодветен за електричното
оптоварување и локалните стандарди.

• Растојанието меѓу капаците на садовите за готвење
ставени на шпоретот и најнискиот дел на аспираторот
мора да биде најмалку 65 cm. Ако се користи ќунк од два
дела, горниот дел мора да се постави од надворешната
страна на долниот. Не поврзувајте го излезниот отвор
на аспираторот со иста вентилација што се користи и за
кружење на топол воздух или за излез на чадот од други
грејни тела што не се на електричен погон.
Пред да почнете со составувањето, извадете ги филтрите
за маснотии (слика 7) за да ви биде полесно да ракувате
со апаратот.
Ако составувате апарат што е во верзија за во вентилација,
подгответе го првин излезниот отвор за воздухот.

• Препорачуваме да се користи отвор за оџак со пречник
150. Доколку отворот има помал пречник, производот
може да биде понеефикасен и да работи побучно.

Напомена:
Доколку вашата верзија на апаратот има украсно стакло
пред да го наместите аспираторот, постапете на следниот
начин, како што е прикажано на слика 4:
1
- Извадете ги телото на аспираторот B и стаклената плоча
A од пакувањето и ставете ги хоризонтално на безбедна
површина.

Advertising