Употреба – Bosch PST 750 PE User Manual

Page 65

Advertising
background image

Македонски |

65

Bosch Power Tools

2 609 007 297 | (13.6.13)

сетот „Cut Control“ спаѓаат транспарентниот прозорец

11

со ознаки за резовите и подлогата

10 за зацврстување на

електричниот апарат.

Зацврстете ја „Cut Control“ на основната плоча
(види слика D)
Зацврстете го транспарентниот прозорец за „Cut Control“
11 во држачите на подлогата 10 . Потоа лесно притиснете
ја подлогата за да се вклопи во прифатот за приборот

17

на основната плоча.

Вшмукување на прав/струготини

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Заштитна хауба (види ги сликите E–F)
(PST 800 PEL/PST 8000 PEL)
Монтирајте ја заштитната хауба

9, пред да го приклучите

електричниот апарат на вшмукувач за прав.

Поставете ја заштитната хауба

9 на електричниот апарат,

на тој начин што средниот држач ќе се вклопи на заштитата
од случаен контакт

18 и двата надворешни држачи ќе се

вклопат во вдлабнатините на куќиштето.

Извадете ја заштитната хауба

9 доколку работите без

вшмукувач за прав како и при правење на закосени
резови. Притоа притиснете ја хаубата на висина на
надворешните држачи и извлечете нанапред.

Приклучување на вшмукувачот за прав
Цревото за вшмукување

3 (опрема) прикачете го на

млазниците за вшмукување

4. Поврзете го цревото за

вшмукување

3 со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот

за приклучување на различни видови вшмукувачи за прав
ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Исклучете го уредот за оддувување на струготини,
доколку сте го приклучиле вшмукувачот за прав (види
„Уред за оддувување на струготините“).

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.

Употреба

Видови употреба

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Поставување на осцилациите
Осцилациите може да се постават во четири степени и
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со лостот за подесување

7 може да ги подесите

осцилациите и за време на работењето.

Оптималниот степен на осцилации за односната употреба
може да се одреди со практичен обид. Притоа се
применуваат следниве препораки:
– Колку помал степен на осцилации изберете одн.

доколку сосема ги исклучите осцилациите, толку
пофини и почисти ќе бидат исечените рабови.

– При обработка на тенки материјали (напр. плех)

исклучете ги осцилациите.

– Цврстите материјали (напр. челик) обработувајте ги со

мали осцилации.

– За меки материјали и при сечење на дрво во правец на

влакната, може да работите со максимални осцилации.

Подесување на закосениот агол (види слика G)
Основната плоча

6 може да се подеси за закосени резови

до 45° надесно или налево.
Заштитната хауба

9 и заштитата од кинење 16 не се

применуваат при правење на закосени резови.
Евентуално извадете ја заштитната хауба

9 (види

„Заштитна хауба“, страна 65) и извадете ја заштитата од
кинење

16 (види „Заштита од кинење“, страна 64).

Извлечете го депото за листовите за пила

5 од основната

плоча

6 (PST 800 PEL/PST 8000 PEL).

Извадете го шрафот

19 и лесно притиснете ја основната

плоча

6 во правец на млазниците за вшмукување 4.

За подесување на прецизни закосени агли, десно и лево
на основната плоча постојат точки за заклучување 0°,
22,5° и 45°. Завртете ја основната плоча

6 соодветно на

скалата

20 во саканата позиција. Останатите закосени

агли може да се подесат со помош на агломер.
Потоа вметнете ја основната плоча

6 до крај во правец на

листот за пилата

15.

Повторно зацврстете го шрафот

19 .

без осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации

OBJ_BUCH-1119-004.book Page 65 Thursday, June 13, 2013 12:32 PM

Advertising
This manual is related to the following products: