Користење на вградената камера – LG 47LB731V User Manual

Page 537

Advertising
background image

23

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

ВНИМАНИЕ

y Прво откачете го напојувањето и дури потоа

преместувајте го и монтирајте го телевизорот. Во

спротивно може да дојде до електричен удар.

y Ако телевизорот го монтирате на таван или

закосен ѕид, тој може да падне и да предизвика

сериозни повреди.

Користете авторизиран LG носач за ѕид и

обратете се до локалниот продавач или

квалификувано лице.

y Немојте премногу да ги затегнувате завртките

бидејќи тоа може да предизвика оштетување на

телевизорот и да ја поништи вашата гаранција.

y Користете завртки и носач за на ѕид кои

ги задоволуваат VESA стандардите. Какви

било оштетувања или повреди настанати

заради погрешна употреба или користење

на несоодветен елемент не се опфатени со

гаранцијата.

ЗАБЕЛЕШКА

y Користете завртки кои се наведени во

спецификациите за VESA стандардни завртки.

y Комплетот за монтирање на ѕид вклучува

упатство за инсталирање и неопходни делови.

y Носачот за прицврстување на ѕид е опционален.

Дополнителна опрема можете да набавите од

вашиот локален продавач.

y Должината на завртките може да се разликува

во зависност од носачот за на ѕид. Внимавајте

да користите соодветна должина.

y За повеќе информации, погледнете во

упатството испорачано со носачот за на ѕид.

ЗАБЕЛЕШКА

y Само 42LB63**, 42LB65**

Одбојни елементи

за монтирање на

ѕид

Користење на вградената

камера

(Само LB87**)

Со помош на вградената камера на

телевизорот можете да остварувате Skype

видео повици или да ја користите функцијата

за препознавање на движењето.

Овој телевизор не поддржува користење на

надворешна камера.

ЗАБЕЛЕШКА

y

Пред користењето на вградената

камера, треба да бидете свесни

за фактот дека вие сте законски

одговорни за употребата или

злоупотребата на камерата според

одредбите на релевантните

национални закони, вклучувајќи го тука

и кривичниот закон.

y

Во релевантните закони се вбројува

и Законот за заштита на личните

информации, со кој се пропишува

обработката и пренесувањето на

личните информации, како и законот

со кој се пропишува надзорот со

камери на работното место и други

локации.

y

При користење на вградената камера,

избегнувајте спорни, незаконски

или неморални ситуации. Освен

на јавни места или јавни настани,

може да биде потребно одобение

за да се фотографира некое лице.

Препорачуваме избегнување на

следните ситуации :

(1) Користење на камерата на места

каде обично е забрането користење на

камери, како тоалети, соблекувални,

гардероби и безбедносни простории.

(2) Користење на камерата на начин со

кој се прекршува приватноста.

(3) Користење на камерата на начин

со кој се прекршуваат релевантните

прописи или закони.

Advertising