Употреба на упатството за користење, Одржување, Чистење на телевизорот – LG 47LB570V User Manual

Page 361

Advertising
background image

21

МАКЕДОНСКИ

УПОТРЕБА НА УПАТСТВОТО ЗА КОРИСТЕЊЕ / ОДРЖУВАЊЕ

УПОТРЕБА НА

УПАТСТВОТО ЗА

КОРИСТЕЊЕ

Упатството за користење ви нуди полесен

пристап до деталните информации за

телевизорот.

1 Притиснете го копчето

SMART за да

пристапите до Smart почетното мени.

2 Изберете

SETTINGS → ПОДДРШКА.

3 Изберете

Упатство за корисникот и

притиснете го

OK .

ПОДДРШКА

Упатство за корисникот

ОДРЖУВАЊЕ

Чистење на телевизорот

Редовно вршете чистење на вашиот телевизор за да

добиете најдобри перформанси и да го продолжите

работниот век.

ВНИМАНИЕ

y Прво, не заборавајте да го исклучите

напојувањето и да го откачите кабелот за

напојување и сите други кабли.

y Кога телевизорот треба да биде оставен без

надзор или нема да се користи подолго време,

откачете го кабелот за напојување од ѕидниот

штекер за да спречите можно оштетување од

гром или струјни удари.

Екран, рамка, куќиште и држач

y

За да извршите отстранување на

прав и мали нечистотии, избришете

ја површината со сува чиста и мека

ткаенина.

y

За да извршите отстранување на поголеми

нечистотии, избришете ја површината со

мека ткаенина натопена во чиста вода или

разреден мек детергент. Веднаш потоа

пребришете со сува ткаенина.

ВНИМАНИЕ

y Избегнувајте секакво допирање на

екранот, бидејќи тоа може да резултира во

оштетување на екранот.

y Немојте да ја триете или удирате

површината на екранот со вашите нокти

или остри предмети, бидејќи тоа може

да предизвика гребење на екранот и

изобличување на сликата.

y Немојте да користите какви било хемиски

средства бидејќи тие може да го оштетат

производот.

y Немојте да прскате течност на површината.

Доколку во телевизорот навлезе вода, може

да дојде до пожар, електричен удар или

неисправност.

Кабел за напојување

Редовно отстранувајте ја акумулираната

прашина и нечистотиите од кабелот за

напојување.

Advertising
This manual is related to the following products: