LG 55UB850V User Manual

Page 544

Advertising
background image

9

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

ENG

М

АК

ЕД

О

НС

КИ

y

Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него

подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти на

изобличување на екранот.

y

При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот

за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примена на

прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата.

Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не

користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање сјај

за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го оштетат

производот и неговиот панел.

Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на

производот (деформација, корозија или кршење).

y

Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на

напојување иако можеби вие сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ.

y

При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете.

Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар.

y

При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите напојувањето.

Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и сите кабли за

поврзување.

Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да предизвикаат

пожар или електричен удар.

y

При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина

работете по двајца.

Во спротивно, може да дојде до повреда.

y

Контактирајте го сервисниот центар еднаш годишно за да се исчистат

внатрешните делови на уредот.

Насобраната прашина може да предизвика механички оштетувања.

y

Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица. Сервисирање

е потребно кога уредот е оштетен на каков било начин, како во случај на

неисправност на кабелот за напојување или приклучокот на кабелот, прскање на

течност или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот на дожд или

влага, кога тој не функционира нормално, или доколку се испушти.

y

Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се појави мало

“треперење”. Ова е нормално, кај производот нема никаков проблем.

y

Панелот е производ со висока технологија, со резолуција од два до шест милиони

пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло обоени точки

(црвени, сини или зелени) со големина од 1 ppm. Ова не укажува на дефект и не

влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот.

Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може да

биде причина за замена или враќање на пари.

Advertising
This manual is related to the following products: