Samsung SM-R350 User Manual

Page 358

Advertising
background image

Македонски

357

Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња,

цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње

игри, може да почувствувате повремена непријатност во Вашите раце,

врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот

уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте

лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате

непријатности при или по користењето, престанете со употребата на

уредот и консултирајте се со лекар.

Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или

кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди

кај Вас и кај другите.

Не носете го уредот во задните џебови или околу половината
Ако паднете, може да се повредите или да го оштетите уредот.

Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го

спречат правилното работење.

• Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да

почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде

до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со

Вашиот лекар.

Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.

Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде

поправен.

Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен

и некои делови може да не функционираат.

Advertising