Грижа за микробрановата печка - нега и одржување – Gorenje GMO-20 DGW User Manual

Page 27

Advertising
background image

27

4.

Грил/Комбинирано управување

Оваа функција има четири степени; зелениот степен изберете го со копчето "MICRO/GRILL", така
што копчето ќе го пртиснете 7 пати. Најдолго можно време за подготовка е 59 минути и 50 секунди.
Во долната табела опишани се различни комбинации на подготовка само на грил и во комбинација
грил и микробранови.

Степени

Јачина на микробрановите

Јачина на грилот

Екран

1

/

85%

G

– 1

2

/

50%

G

– 2

3

55%

45%

C

– 1

4

30%

70%

C

– 2

Одкако ќе ја одберете саканата комбинација, изберете го и времето на подготовка и притиснете
го копчето »START/RESET«.

Напомена: Во текот на загревањето т.е. подготовката на храна (не важи за комбинирано
подготвување) на средина од избраното време, печката автоматски престанува да работи и
емитува два звучни сигнали; со тоа Ве опоменува да ја завртите храната. Одкако ќе ја завртите
храната, затворете ја вратата на печката и притиснете го копчето "START/RESET" за да продолжи
подготовката. Доколку во период од 1 минута по звучниот сигнал, храната не ја завртите,
подготовката автоматски ќе продолжи.

5. "Start/Reset"

а) Доколку во текот на работењето на печката го притиснете копчето "START/RESET",

работењето ќе се прекине.

б) Доколку предходно сте одбрале програмирано вклучување, со притискање на копчето

"START/RESET"

програмираното вклучување ќе биде одкажано.

6.

Заклучување пред деца

Ако сакате да ја активирате функцијата заклучување, во исто време притиснете "1 Min" и "10 Sec" и

задржете ги две секунди. Доколку сакате да ја изклучите оваа функција, повторете ја постапката.

Грижа за микробрановата печка - нега и одржување

1.

Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот од штекерот.

2.

Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога делови од храна, течност што прска
од неа или истурена течност ќе се засуши на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна
крпа. Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо.

3.

Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите
оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во
отворите за вентилација.

4.

Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За
чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или
распрскувачки средства за чистење.

5.

Ако во внатрешноста или околу надворешнитата обвивка на куќишето се насобере пареа,
избрижете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу
влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.

6.

Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите. Стаклената основа
измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови

7.

Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатреноста на печката треба редовно да
се чистат, бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го
дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и
исушете je. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во
машина за миење садови, по подолга употреба на тркалата на лежечкиот обрач може да се
наталожат остаоци од испарувањето на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа. Кога го
отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката)
внимавајте повторно да го наместите правилно.

8.

Можниот непријатен мирис од печката ќе го отсраните на тој начин што во длабок сад за
подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите
кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај,
темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа.

Advertising