Македонски – Milwaukee M12 TI User Manual

Page 60

Advertising
background image

118

119

инсталираниот јазик го има во софтверот на апаратот со топлински

слики MILWAUKEE, инсталационата програма го избира и

инсталира истиот јазик. Доколку Вашиот јазик не стои на

располагање во софтверот ќе се инсталира англиската верзија.

НАПОМЕНА: Кога Вашата дискетна единица е конфигурирана за

Ауторан (Autorun), инсталацијата стартува автоматски. Доколку

инсталацијата не стартува автоматски обидете се на следниов начин:
1. Кликнете на стартната површина за активирање на Windows

(симболот во левиот долен агол на Windows-екранот), потоа на

Компјутер (или “Мој компјутер”).

2. Кликнете на ЦД-дискетната единица за да имате пристап до ЦД-то.
3. Со дупли клик на фајлот Setup.exe во првиот регистратор на ЦД-то

ја стартувате инсталацијата.

Инсталацијата на софтверот на еден или повеќе компјутери
Вие можете софтверот бесплатно да го инсталирате на колку сакате

компјутери доколку кај инсталацијата се согласите со “Лиценцни

договори за крајниот корисник”.
На следниот начин го отворате прирачникот за корисник на

софтвер на Вашиот компјутер
При инсталацијата на софтверот од производното ЦД прирачникот за

корисникот автоматски се снима на Вашиот компјутер. Кога го

употребувате софтверот, можете во секое време да го отворате

прирачникот со отворање на менито HELP или со притиснување на

копчето Ф1. На тој начин можете да читате во прирачникот, да барате

различни теми или да го отпечатите прирачникот во целост или во

делови.
Кога не го употребувате софтверот во секој момент можете да го

отворате или копирате прирачникот за корисници преку регистраторот

на ЦД-дискетната единица или друг регистратор на харддискот на тој

начин што прирачникот го имате меморирано во ПДФ-формат.

ВОВЕДУВАЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ТОКОВИ НА СОФТВЕРОТ

Лајстната на менито на долниот раб на екранот го покажува работниот

ток од лево према десно. Секоја површина за активирање активира

еден од главните чекори на работниот ток. Вашата работа се

меморира со одвивање на работата. Со помош на површините за

преклучување < BACK и > NEXT на десниот долен раб на екранот

можете да преминувате од еден работен чекор до друг.
Во продолжение ќе најдете краток опис на работниот ток. Овој вовед

не ја опишува секоја поединечна функција на софтверот. После

воведување следат неколку детали на апликацијата.
Вовед во чекорот MANAGE IMAGES

1. Снимете ги сликите од апаратот со топлински слики на компјутер за

да ги меморирате трајно.

2. Изберете поединечни слики кои што треба да бидат вметнати во

протоколот.

Вовед во чекорот ANALYSE IMAGES

1. Употребете го SPOT METER управуван со глувчето, за да ги

одредите температурните вредности во склоп на една топлинска

слика и додатете ги забелешките – таканаречени Push Pin – за да

упатите на нешто посебно во сликата.

2. Во сите снимени слики можете да ги менувате подесувањата за боја

и подрачјето на подесување исто како сликите да се сé уште

снимени во апаратот. Промената на овие подесувања не доведува

до никакви промени кај снимените слики. Се менува само приказот.

Притоа станува збор за дополнителни подесувања кои што можете

да ги направите кај сликите за да ги оптимирте за презентација.

3. Составете ги Вашите сопствени анализи на резултатот и

препораките за отстранување на фактички или потенцијални

проблеми. На тој начин на пример може да се заклучи дека

прегревањето на погонскиот бран е резултат на оштетен лагер. Или

пак во преклучната кутија ќе најдете заштитен прекинувач кој што е

значително потопол од другите што би можело да биде знак за тоа

дека тој прекинувач е преоптоварен или дефектен.

Вовед во чекорот BUILD REPORT

1. Во овој работен чекор ги избирате форматот и видот на писмо и ги

додавате името, логото, адресата, телефонскиот број и факс бројот

како и е-маил адресата на Вашата фирма.

2. Во овој чекор можете да создадете и насловна страница и

содржина.

Вовед во чекорот PRINT PREVIEW

1. Овде сте во можност да погледнете краток преглед на протоколот.

Со враќање кон чекорот BUILD REPORT можете да направите

промени, сé додека протоколот ќе почне да одговара на Вашите

замисли.

2. Изработете ПДФ-фајл и/или отпечатете го протоколот.
3. Сега можете и да ја завршите оваа активност, да отворите веќе

постоечки работен процес или да почнете со нов. За време на

целокупната активност Вие со активирање на површината за

активирање SAVE кај долниот десен раб на екранот можете да ги

снимите направените промени. Софтверот на секои две минути

доведува до автоматско меморирање. Интервалот за автоматското

меморирање можете да го измение во менито Фајл во заглавјето

под опцијата Подесувања.

4. При затворање на програмата исто така автоматски ќе бидат

меморирани сите работни процеси.

СТАРТУВАЊЕ НА СОФТВЕРОТ

Два пати кликнете на логото на MILWAUKEE:
Се отвора следното главно мени.

ВЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ОД АПАРАТОТ СО ТОПЛИНСКИ СЛИКИ

Првиот чекор за примена на софтверот е вчитувањето на слики од

камерата на компјутерот. За оа постојат две можности кои и двете

еднакво добро функционираат. За двете методи Ви е потребна

површината за активирање LOAD FROM THERMAL IMAGER во

софтверот.
Метода 1:
Приклучете го УСБ-кабелот на апаратот со топлински слики за

компјутерот. Апаратот со топлнски слики мора да е вклучен. Осигурајте

се дека симборот за батерија во горниот десен агол на дисплејот на

апаратот со топлински слики покажува дека батеријата е барем до

половина полна.

МАКЕДОНСКИ

Метода 2:
Извадете ја СД-картичката од апаратот со топлински слики и вчитајте

ги сликите директно од СД-картичката на Вашиот компјутер на тој

начин што ќе употребите УСБ-СД-апарат за читање на картички или ќе

го употребите СД-вметокот на Вашиот компјутер.

Следната слика ја покажува перспективата на екранот после

активирањето на површината за активирање LOAD FROM THERMAL

IMAGER. Површината за активирање LOAD FROM ANOTHER SOURCE

Ви е потребна само тогаш кога сакате да ги вчитате сликите од

харддискот на Вашиот компјутер, од некој ЦД--ROM или УСБ-апарат за

масовно меморирање.

Следната слика го покажува екранот на Windows при прегледување на

компјутерот по активирањето на површината за активирање LOAD

FROM ANOTHER SOURCE.

НАПОМЕНА: Осигурајте се при мануелното вчитување на слики со

помош на функцијата LOAD FROM ANOTHER SOURCE, дека ги

вчитувате како топлинската слика така и фотографијата, за да го

имате комплетниот сет со слики. Во спротивно софтверот не работи

добро.
Кога софтверот ги има пронајдено сликите, Вие со помош на

контролните квадратчиња можете да ги изберете сите слики или само

поединечни слики. За да изберете само некои слики постапете како

што следи:
1. Во зависност од подесувањето кликнете еднаш или два пати на

Include All за да ги отстраните сите контролни кукички. Површината

за активирање Include All менува меѓу активирањето на сите или на

ниту едно контролно квадратче. Осигурајте се дека сите контролни

кукички се исфрлени.

2. Потоа кликнете на оние слики кои што сакате да ги изберете.
3. Кликнете во долната лајстна на менито на SAVE.
НАПОМЕНА: Се препорачува најпрво сите слики кои што сé уште не

се меморирани во софтверот да се вчитаат од апаратот со топлински

слики или од СД-картичката. Потоа можете на мир да одлучите кои

слики ќе ги обработувате или ќе сакате да ги вметнете во записник.
НАПОМЕНА: Софтверот на секои две минути изведува автоматско

меморирање. Интервалот за автоматското меморирање можете да го

менувате во менито File во првото заглавје под опцијата Подесувања.

ПОДГОТОВКА НА ФУНКЦИЈАТА АНАЛИЗИРАЊЕ НА СЛИКИ

Пред да можете да ги анализирате топлинските слики кои што биле

вчитани во софтверот, морате најпрво да одредите нова работна

процедура или веќе постоечка да отворите. Веќе меморирани

процедури се прикажуваат на сивото поле на левата страна на

екранот. Наједноставниот пат за почнување на нова процедура

претстаува вчитувањето на сликите од апаратот за топлинска слика и

следењето на упатствата за уредување на нов клиент и на нова

постапка. Кога веќе постојат клиенти или постапки од Вас ќе се побара

еден од тие клиенти или постапки да ги изберете или да уредите нови.
НАПОМЕНА: Изразот “Работен процес” се употребува за една замена

за слики која што ја имате избрано, на која сте ú дале забелешка и сте

ја прилагодиле. Софтверот постапката ја форматира автоматски во

еден протокол. За подоцнежни промени со помош на софтверот

можете веќе уредени процеси да отворите и понатаму да ги

обработувате или пак да уредите нова постапка.
НАПОМЕНА: Изразот “Клиент” се употребува за внесениот податок на

име на клиент во софтверски интерната база на податоци.
На следниот начин уредувате нова работа:
1. Вие можете да уредите нова постапка под веќе постоечко име на

клиент или најпрво да уредите нов клиент. За да уредите нов клиент

позиционирајте го глувчето на

и кликнете на полето

за да го внесете името на новиот киент. Потоа кликнете на Create

New Customer.

2. Кликнете на Create New Job. Внесете некое име за новата постапка

и потоа кликнете на Create New Job.

3. Кликнете на All Image Sets за да направите избор од сите досега

меморирани слики. Изборниот прозорец се наоѓа во левата долна

половина на екранот, директно под листата со постапки.

4. Сликите кои што сакате да ги вметнете во Вашиот протокол можете

или како групи (под предуслов дека биле снимени во групи) да ги

изберете или да ги изберете со функцијата “Сите” или поединечно

со активирање на контролните кукички под конкретата слика.

Сликите автоматски во групи се снимаат на апаратот со топлински

слики, кога од последното меморирање на нова слика се поминати

повеќе од 12 часа. Тоа го поедноставува вчитувањето на сликата на

компјутер.

МАКЕДОНСКИ

Advertising