Употреба – Skil 9345 AG User Manual

Page 156

Advertising
background image

156

ПРИБОР

• За поставување и користење на приборите кои не се

SKIL погледнете го упатството на производителот

• Користете само дискови за брусење/сечење со

максимална дебелина од 8 мм и со отвор за

осовината од 22 мм

• Не користете редуктори или апарати за да ги

ставите дисковите за стругање или сечење со

преголем отвор

• Никогаш не користете прибор со отвор на “слепи”

навивки помали од М14 х 21мм

КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО

• Приклучете го електричниот алат со помош на

автоматскиот прекинувач за излегување на струјата

(F) посилно од 30 mA

ПРЕД УПОТРЕБА

• Пред првото користење на електричниот алат, се

препорачува да добиете практични информации

• Користете соодветни детектори за наоѓање на

скриени инсталации или повикајте соодветна

компанија за помош (контактот со електричните

линии може да доведе до струен удар; оштетувањата

во гасоводна цевка може да резултира со

експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација

може да доведе до оштета на предмети или

електричен удар)

• Не обработувајте никаков материјал кој содржи

азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)

• Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали, може

да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на

пример прашината од даб или бука), особено заедно

со адитиви за одржување на дрвото; носете маска

за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

• Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

• Бидете внимателни при острење на утор, особено на

носечките ѕидови (уторите на носечките ѕидови се

во склад со прописите на одредени држави; овие

прописи задолжително треба да се прегледаат)

• Зацврстете го материјалот кој го обработувате

(обработка која е зацврстена со стеги или во

менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)

• Немојте да го прицврстувате електричниот алат во

менгеме

• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде

сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

• Налети на струја доведуваат до кратктотрајни

падови на напопнот; под неповолни услови на

напојување може да биде оштетена другата опрема

(доколку имоенданцијата на напојување со

електрична енергија е помала од 0,104 + j0,065 ома,

не постои можност да дојде до нарушувања);

доколку ви е потребно дополнително објаснување,

можете да се обратите до локалната служба за

снабдување со електрична енергија

• Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

• Во случај на прекин на напојувањето или ако

приклучокот се извлече случајно од штекер,

отклучете го прекинувањето за вклучување/

исклучување J 2 веднаш за да спречите

неконтролирано повторно вклучување

ПО УПОТРЕБА

• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не

го запирајте вртењето на приборот со користење на

странична сила

УПОТРЕБА

• Поставување на приборот 5

! извлечете го приклучокот ако кабелот

- исчистете го вретеното A и сите делови што ќе ги

поставите

- притиснете го копчето за заклучување на

вретеното Dpush spindle-lock button D

- прицврстете ги спојките на штитникот B со помош

на клучот C

! кога осовината A е заклучена, прекинувачот

не може J/K да се активира

- притиснете го копчето E за да ја отклучите

осовината A

- за отстранување на рачките на приборот

! ако дисковите за брусење/сечење во текот на

работата многу се загреат; не ги допирајте

додека целосно не се оладат

! при користење на прибор за суво брусење

секогаш ставајте заштитна подлога

! никогаш не користете дискови за брусење/

сечење без ознака (“blotter”) што е залепена

на дискот

• Поставување на помошната рачка F 6

! извлечете го приклучокот ако кабелот

• Отстранување/поставување/прилагодување на

заштитниот механизам G 7

! извлечете го приклучокот ако кабелот

! водете сметка затворената страна на

заштитниот механизам секогаш да биде

свртена кон операторот

- ако е неопходно, прилагодете го заштитниот

браник G со затегнување на шрафот Х којшто е

веќе поставен при производството (проверете

дали заштитниот браник е затворен)

• Пред користење на електричниот алат

- проверете дали е приборот исправно поставен и

силно прицврстен

- проверете дали приборот може да се помести,

така што рачно ќе го стартувате

- пробно вклучете го алатот најмалку 30 секунди на

најголема брзина во празен од и во сигурна

положба

Advertising