Употреба – Skil 1210 AA User Manual

Page 93

Advertising
background image

93

5) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја

само на обучен, стручен кадар на овластен

сервисер, и само со оригиналните резервни

делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да

остане со зачувана безбедност.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА

• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и

други предмети во местото каде работите; тргнете ги

пред да почнете со работа

• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на

алатот кои се движат; кабелот држете го на задната

страна, на страна од алатот

• Зацврстете го материјалот кој го обработувате

(обработка која е зацврстена со стеги или во

менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)

• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го

моторот и проверете дали сите подвижни делови се

застанати

• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде

сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

• SKIL може да признае гаранција само доколку е

користен оригинален прибор

• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години

• Нивото на бучава додека работите може да изнесува

повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите

• Држете го алатот под напон за изолираните

површини на држење бидејќи појасот може да го

пресече кабелот (ако се пресече жица под напон,

металните делови на алатот ќе се електрифицираат

и може да предизвикаат електричен шок за

работникот)

• Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е

назначен на плочката на алатот (алатите за напон од

230V или 240V исто така може да се поврзат и на

напон од 220V)

• Овој алат не е соодветен за брусење во влажна

средина

• Не обработувајте никаков материјал кој содржи

азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)

• Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали, може

да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на

пример прашината од даб или бука), особено заедно

со адитиви за одржување на дрвото; носете маска

за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

• Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

• При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не

користете кесата за прашина/кутија за прашина/

правосмукалка а останатите лица и запалливи

материјали треба да се наоѓаат подалеку од местото

каде се работи

• Не допирајте го појасот за брусење кој се движи

• Не користете истрошен, изабен или премногу

зачепен појас за брусење

• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна

облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)

• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја

пред да вршите било какво подесување или

замена на приборот

УПОТРЕБА

• Прекинувач за вклучување/исклучување

- алатот вклучете/исклучете го со повлекување/

пуштање на прекинувачот A 2

! алатот треба да го вклучите пред брусната

површина да го допре местото каде ќе

работите

! уредот треба да се подигне од работната

површина пред тој да биде исклучен

• Блокирање на прекинувачот за постојана употреба

- повлечете го прекинувачот A 2

- притиснете го копчето B 2 со палецот

- пуштете го прекинувачот

- отклучете го прекинувачот со повторно

повлекување на прекинувачот A 2 и отпуштање

• Брзо менување на појасите за пескарење (CLIC-

систем) 4

! извлечете го приклучокот ако кабелот

- подигнете ја рачката C

- отстранете го брусниот појас

- вметнете нов брусен појас со стрелка која е

втисната од внатрешната страна, насочена во

иста насока како и стрелката D на алатот

- рачката турнете ја назад

! на време менувајте ги брусните појаси

! никогаш не виткајте ја бруснните појаси

• Автоматско центрирање на појасот (ABC)

- го центрира појасот автоматски кога ќе се вклучи

алатот

- го одржува појасот центриран при пескарење

Во случај појасот да падне од алатот (најчесто

заради полошиот квалитет на појасот), би требало да

- вклучете го алатот

- подесите шрафот E 2 за брусниот појас, да се

порамни со рамната страна на алатот

- употребите нова брусна хартија, доколку старата

се уште паѓа од алатот

• Вшмукување прашина 5

- редовно празнете ја кутијата за прашина G/кесата

за прашина F за оптимално собирање на прашина

- кога го користите алатот со правосмукалка,

монтирајте го адаптерот за правосмукалката H,

како што е опишано (1215)

- кога е неопходно, исто така, чистете ги и малите

филтри, како што е опишано

Advertising