Употреба – Skil 5740 CA User Manual

Page 150

Advertising
background image

150

согласно спецификациите на SKIL) може да

доведат до опасни состојби

• Користете само сечива за пили со минимален

дијаметар од 122 мм, со максимален дијаметар

од 130 мм и отвор на ободот од 16 мм

• никогаш не користете сечила за пили направени од

брзоротирачки челик (HSS)

• Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење

со овој електричен алат

ПРЕД УПОТРЕБА

• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е

назначен на плочката на алатот (алатите за напон од

230V или 240V исто така може да се поврзат и на

напон од 220V)

• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и

други предмети во местото каде работите; тргнете ги

пред да почнете со работа

• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите

пречки на и под местото каде сечете

• Зацврстете го материјалот кој го обработувате

(обработка која е зацврстена со стеги или во

менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)

• Користете соодветни детектори за наоѓање на

скриени инсталации или повикајте соодветна

компанија за помош (контактот со електричните

линии може да доведе до струен удар; оштетувањата

во гасоводна цевка може да резултира со

експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација

може да доведе до оштета на предмети или

електричен удар)

• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде

сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

• Нивото на бучава додека работите може да изнесува

повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите

• Никогаш не користете електричен алат без

оригинален систем за заштита

• Не се обидувајте да сечете многу мали материјали

• Не работете со овој алат држејќи го над главата

• Во случај на атипично однесување или непознати

звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го

штекерот од електричниот приклучок

• Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

ПО УПОТРЕБА

• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го

моторот и проверете дали сите подвижни делови се

застанати

• По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш

немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила

УПОТРЕБА

• Замена на сечилата на пилата 3

! извлечете го приклучокот ако кабелот

- земете хексагонален клуч A од складот B

- отворете го долниот заштитен механизам C со

користење на рачката D

! сменете го сечивото за пилата со запците и

стрелката отпечатена на сечивото насочени во

ист правец како и стрелката на горниот

штитник E

! проверете дали површините со спрегите F на

штитникот се целосно чисти и свртете го

сечилото

- затегнете го копчето за сечивото G со

хексагонален клуч за 1/8 завртување (со што се

обезбедува сечивото да не се лизга кога ќе наиде

на прекумерен отпор, а со тоа се намалува

преоптоварување на моторот и повратен удар од

пилата)

• Склад за хексагоналниот клуч 4

• Подесување на длабочината на сечењето (0-40 мм)

5

- заради оптимален квалитет на сечењето,

сечилото на пилата не би требало да биде подолго

од 3 мм под делот за работа

- разлабавен регулатор H

- подигнете/спуштете го нивото J додека не ја

подесите саканата длабочина за сечење, на

скалата, со користење на индикаторот K

- затегнат регулатор H

• Подесување на аголот на сечење (0-45°) 6

- пуштете го копчето L

- налегнувајте го алатот додека не го подесите

саканиот агол на сечење, со користење на

индикаторот M

- прицврстете го копчето L

! при косо сечење, длабочината на сечењето не

одговара на вредностите на прикажаната

скала за длабочина на сечењето

• Проверка на аголот за сечење од 90° 6

- подесете и прицврстете го нивото J на

максимална длабочина за сечење 5

- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°

- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и

дното на нивото, со помош на квадрат

- доколку е неопходно подесување, спуштете го и

прицврстете го нивото на 45° и свиткајте го

јазичето N со помош на клучот за подесување

• Прилагодлив визир за линијата на пилата P 7a

- за водење на електричниот алат низ саканата

линија означена на местото на работата

- за рамно сечење под агол од 0° или косо сечење

под агол од 45° користете ја линијата на

индикаторот

! широкиот дел на нивото би требало да стои а

потпирачот на местото каде се работи

- може да се прилагодува за да ви се дозволи да

изберете дали отпадниот материјал ќе биде од

надворешната или внатрешната страна на

сечивото 7b

! широчината на сечењето се определува со

широчината на запците на сечилото, а не со

широчината на сечилото

! секогаш најпрво изведете пробно сечење за

да ја проверите вистинската линија на

сечењето

• Вшмукување прашина

- приклучете ја правосмукалката на продолжетокот

Q 8

! никогаш не дозволувајте цревото на

правосмукалката да дојде во допир со

Advertising