Македонски – Braun 5180 Silk-épil 5 RU User Manual

Page 60

Advertising
background image

61

Македонски

Нашите производи се создадени со
цел да ги задоволат највисоките
стандарди за квалитет, функционал-
ност и дизајн. Се надеваме дека
целосно ќе уживате при користењето
на Вашиот Braun Silk·épil 5.

Ве молиме внимателно да го
прочитате упатството пред да го
употребувате апаратот.

Braun Silk·épil 5 е креиран со цел
ефикасно да ги отстранува несаканите
влакна, понежно и полесно. Докажано
е дека со епилирањето, влакната се
отстрануваат од корен, притоа оста-
вајќи ја кожата мазна со недели.
Кога влакненцата ќе почнат да
подраснуваат тие ќе бидат меки и
нежни, односно нема да ги чувству-
вате остри и тврди.

Внимание

Од хигиенски причини не делете го
апаратот со други.
Чувајте го апаратот на суво.
Овој апарат не е наменет за деца
или лица со намалена физичка или
ментална способност, освен под
надзор на лице кое ќе одговара за
нивната безбедност. Односно, ние
Ви препорачуваме да го чувате
апаратот надвор од дофат на деца.
Кога е вклучен, тој никогаш не смее
да дојде во контакт со влакната на
Вашето лице, трепки, веѓи за да се
избегнат секакви повреди, како и
блокирање и оштетување на апара-
тот.
Овој апарат е опремен со интегри-
рано Safety Extra Low Voltage
струјно напојување, со низок напон.
Не менувајте или манипулирајте со
ниту еден од неговите делови.
Во спротивно, постои ризик од
електричен шок. За електичната


спецификација, проверете го типот
на плочката на кабелот за вклуч-
ување. Кабелот за вклучување
автоматски се адаптира на секоја
AC волтажа, насекаде во светот.

Општи информации за
епилирањето
Сите методи за длабинско отстрану-
вање можат да предизвикаат поткожно
растење на влакната и иритација
(на пример: чешање, чувство на
неудобност како и зацрвенување на
кожата), во зависност од состојбата
на кожата и влакната.

Ова се нормални реакции и би требало
веднаш да исчезнат. Сепак, би
можело да се малку потрајни доколку
прв пат се епилирате длабински или
пак имате чувствителна кожа.

Доколку после 36 часа, кожата е
сéуште иритирана, Ви препорачуваме
да се консултирате со дерматолог.
Генерално, иритацијата на кожата и
чувството на болка треба да исчезнат
по неколкукратното употребување на
Silk·épil.

Понекогаш, црвенило на кожата се
појавува доколку навлезе бактерија
во неа. Темелното чистење на
епилациската глава пред секоја
употреба го минимизира ризикот од
инфекција.

Доколку се двоумите за употреба на
овој апарат, Ве молиме консултирајте
се со Вашиот дерматолог.

Во следниве неколку случаи, најпрво
би требало да се консултирате со
дерматолог пред да почнете да го
употребувате:

98980552_SE5280_5180_CEE_S6-92.i61 61

98980552_SE5280_5180_CEE_S6-92.i61 61

15.09.2009 14:51:52 Uhr

15.09.2009 14:51:52 Uhr

Advertising
This manual is related to the following products: