Менување на канали со внесување на броеви, Прикажување на статус и лента за известувања, Препораки, историја и пребарување – Samsung PS60F5500AW User Manual

Page 272: Прилагодување на подлогата за допир

Advertising
background image

Македонски

- 8

Менување на канали со внесување на броеви

Додека гледате телевизија, допрете врз испакнатата линија сместена на левата или десната
страна на подлогата за допир за да го отворите прозорецот за внесување на броеви на
екранот. Внесете го бројот на каналот кој сакате да го гледате со помош на вашиот прст.
На екранот ќе се прикаже бројот што ќе биде препознаен, а телевизорот ќе премине на
соодветниот канал. Меѓутоа, телевизорот може да не го препознае правилно бројот што сте
го внеле. Погледнете го водичот подолу за да проверите дали броевите што ги внесувате се
препознаваат точно.

Водич за внесување на броеви

Погледнете ги сликите подолу при внесување на нумерички вредности. Телевизорот може да не ги препознае
вредностите кои ги внесувате ако не ги следите движењата прикажани подолу.

Прикажување на статус и лента за известувања

Притиснете го копчето

MORE

на Smart Touch Control уредот, а потоа изберете STATUS на виртуелната

контролна плоча за прикажување на лентата за известувања и статус во горниот дел од екранот.

Препораки, историја и пребарување

Препораки

Притиснете го копчето

RECOMM. / SEARCH

и изберете Препорачано од листата прикажана во долниот

дел од екранот. Изберете програма која се емитува во моментот за да прескокнете на соодветниот канал
или програма која е закажана за емитување за да поставите Закажување гледање или Закаж. на снимање.
Погледнете го делот "Информации за закажани препорачани програми" за да добиете повеќе информации.
Изберете некоја апликација за да ја активирате. Samsung Apps ќе се активира доколку избраната апликација не
е инсталирана на телевизорот. Погледнете го делот "Samsung Apps", за да добиете повеќе информации.

Историја

Притиснете го копчето

RECOMM. / SEARCH

и изберете Историја листата прикажана во долниот дел

од екранот. На тој начин ќе се прикаже интерактивна листа на канали до кои неодамна сте пристапиле,
мултимедиумски содржини и апликации.

Пребарување

Притиснете го копчето

RECOMM. / SEARCH

два пати. Внесете критериуми за пребарување за да пребарувате

голем број апликации и нивните содржини на телевизорот, како и на интернет.

Прилагодување на подлогата за допир

Мени на екран > Систем > Управ. на уреди > Поставки на Smart Touch Control > Чувствителност на допир
Корисниците можат да ја прилагодат чувствителноста на подлогата за допир на Smart Touch Control уредот.
Поставете ја функцијата Чувствителност на допир за да ја прилагодите чувствителноста и да овозможите
попрактично користење.

[PF5500-ZH]BN68-04885N-LPRL16.indb 8

2013-03-19 �� 7:15:29

Advertising
This manual is related to the following products: