Samsung PS51D8000FS User Manual

Page 212

Advertising
background image

Македонски - 12

Поврзување со отворот за ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРФЕЈС

Приклучување на адаптерот за CI картички

Прикачете го адаптерот како што е прикажано подолу.
За поврзување на адаптерот за CI картички, следете ги
овие чекори.

✎

Ви препорачуваме да го приклучите адаптерот
пред поставувањето на ѕидниот носач или пред да
ја вметнете “CI или CI+ CARD”.

1. Вметнете го адаптерот за CI CARD во двата отвора

на производот 1.

✎

Пронајдете ги двата отвора на задниот дел од
телевизорот. Двата отвори се наоѓаат покрај
приклучокот

COMMON INTERFACE

.

2. Приклучете го адаптерот за CI CARD во приклучокот

COMMON INTERFACE

на производот2.

3. Вметнете ја “CI или CI+ CARD”.

Ви препорачуваме да ја вметнете CI картичката пред да го монтирате телевизорот на ѕид.
Може да имате потешкотии да ја вметнете по монтирањето.
Вметнете ја картичката откако ќе го приклучите CI-модулот на телевизорот. Можно е да
имате потешкотии доколку ја вметнете картичката пред прикачувањето на модулот.

Користење на “CI или CI+ картичка”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI
или CI+ картичка”.

• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка,” на некои канали ќе се

прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои

содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”,
Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за
грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

• По завршување на конфигурирањето на информациите за

каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”,
известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

✎

ЗАБЕЛЕШКА

x

“CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.

x

При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI
или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.

x

Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.

x

Положбата на отворот за

COMMON INTERFACE

може да се разликува во зависност од моделот.

x

“CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот
продавач.

x

Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.

x

Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На
екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Задна страна

на ТВ

[PD8000-XH]BN68-03451D-00L17.indb 12

2011-03-14 오전 11:18:26

Advertising
This manual is related to the following products: