Извршување на впарување на активните очила за 3d – Samsung UE85S9ST User Manual

Page 284

Advertising
background image

Македонски - 20

Полнење на батеријата

Ако црвената LED трепка на секои 2 секунди, наполнете ја батеријата како што
е прикажано подолу. Портокаловата LED диода ќе трепка секоја секунда додека
полнењето на батеријата е во тек. Зелената LED диода ќе трепка на секои 2
секунди кога полнењето ќе заврши. (за целосно полнење на батеријата која е
празна се потребни приближно 30 минути; меѓутоа, времето кое е потребно за
полнење на целосниот капацитет може да биде различно во зависност од нивото
на енергија во батеријата и напонот на напојувањето со кое таа се полни.)

USB

ПРИКЛУЧОК

PC

Бележник

SAMSUNG

ТЕЛЕВИЗОР

Микро USB кабел

Извршување на впарување на активните очила за 3D

Што значи впарување? Впарувањето е процес
кој ги подготвува уредите за разменување на
податоци, така што уредите, при работа, можат
веднаш да испраќаат и разменуваат податоци.

• Впарување: Притиснете го копчето за

впарување на очилата за 3D повеќе од 1
секунда. Впарувањето ќе започне.

✎

потребни се 10 - 15 секунди за повторно
поврзување на очилата. На очилата нема
копче за исклучување на напојувањето.

• Вклучување / исклучување на очилата за 3D: Ставете ги очилата за 3D.

Очилата автоматски ќе се вклучат, а зелената LED диода ќе свети 3 секунди.
За да ги исклучите очилата, потребно е да ги извадите. По неколку минути,
очилата автоматски ќе се исклучат, а црвената LED диода ќе свети 3 секунди.
(проверете дали на телевизорот е активирана функцијата 3D пред да
започнете да ги користите очилата за 3D.)

• Работен опсег

Препорачана оддалеченост за

впарување

Препорачана оддалеченост за гледање

50 cm

2-6 m

Препорачана оддалеченост за гледање

2-6m

Препорачана оддалеченост за впарување

50 cm или
помалку

✎

Оддалеченоста на функционирање зависи од пречките (човек, метал,
ѕидови итн.) или електромагнетните бранови.

✎

Ве потсетуваме дека ако ги извадите очилата за 3D при гледање на
3D видео и 3D режимот остане активен на вашиот телевизор, ќе бидат
потребни 5 минути за очилата за 3D да се исклучат.

✎

Ако очилата не започнат да функционираат веднаш по ставањето, додека
телевизорот е во 3D режим, ставете ги повторно.

✎

Овој производ може да се надополнува со енергија. Кога ќе се обидете да
го користите за прв пат, можно е да не функционира поради истрошена
батерија. Во тој случај, наполнете ја батеријата.

[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 20

2013-10-31 2:28:06

Advertising