Употреба, Одржување/сервисирање – Skil 0710 RT User Manual

Page 117

Advertising
background image

117

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

• Косете само на дневно светло или со соодветно

вештачко осветлување

• Не закосувајте ја машината кога го вклучувате

моторот освен ако таа мора да се закоси при работа

во висока трева (во тој случај не закосувајте ја

повеќе од неопходното и секогаш со делот што е

подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете

раце во работната положба пред да ја вратите

машината на телото

• Проверете дали сечивото е комплетно застанато

кога ја закосувате машината за да преминете

одредена површина што не е трева и кога ја носите

до и од областа за косење

• Косете попреку на закосените терени (никога нагоре

и надолу)

• Бидете исклучително внимателни кога го менувате

правецот на закосените терени

• Никогаш не кревајте или не носете ја косилката

додека работи моторот

• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го

приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување

со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,

оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот

пред да го исклучите приклучокот)

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

УПОТРЕБА

• Водилка за кабелот #

- закачете ја куката на продолжниот кабел над

водилката B како што е прикажано

- повлечете цврсто за да го обезбедите

продолжниот кабел

• Прилагодување на висината за косење (30-50-70 мм)

$

! исклучете го приклучокот од штекер и

проверете дали сечивото веќе не ротира

- свртете ја косилката

- поставете ги предната и задната оска на тркалата

на саканата позиција за висина на косење (30, 50

или 70 мм)

! проверете дали четирите тркала се фиксирани

на иста позиција за косење

• Безбедносен прекинувач за вклучување/

исклучување %

Спречува машината да се вклучи случајно

- вклучете ја машината прво со притискање на

безбедносниот прекинувач F и потоа повлечете го

прекинувачот за активирање G

- исклучете ја машината со пуштање на

прекинувачот за активирање G

! по исклучување на машината, сечивото

продолжува да ротира уште неколку секунди

• Упатство за работа

- држете ја косилката со двете раце

- поставете ја косилката на работ на тревникот и

косете нанапред

- свртете се на крајот на секој потег, делумно

преклопувајќи го претходното косење

- користете ја косилката само на сува трева

- чувајте ја косилката подалеку од цврсти предмети

и растенија

- при косење висока трева, прво поставете го

механизмот за косење на максималната висина за

косење и потоа на пониска висина

! прилагодете ја брзината на одење при косење

висока трева

• Чување ^

- превиткајте ја рачката на машината за штедење

на просторот за складирање (со крилцето H) и

одложете ја машината како што е прикажано;

прво испразнете ја кутијата за трева

! проверете дали (продолжниот) кабел е

заглавен при превиткување/ исправање на

рачката на машината (не испуштајте ја

рачката)

- не ставајте други предмети врз одложената

косилка

- чувајте ја косилката на затворено и суво место

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење M 3)

• Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка и

сува крпа

! не користете вода (особено не спреови под

висок притисок)

- отстранете ја насобраната покосена трева од

сечивото со дрвен или пластичен алат

• Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци

на изабеност или оштетување

• Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се

изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за

да ја задржите рамнотежата

• Замена на сечивото за косење &

! исклучете го приклучокот од штекер и

извадете ја кутијата за трева J 3

! носете заштитни ракавици

- свртете ја косилката

- извадете/ставете го сечиво со клуч K како што е

прикажано

! користете само сечива за косење од типовите

HL 5121

- темелно исчистете ја областа кај оската и

внатрешноста на машината пред да го поставите

сечивото за косење

! при поставување на сечивото за косење,

проверете дали двата отвора X совршено се

поклопуваат со двата клина Y

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

Advertising