Употреба, Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 0755 RA User Manual

Page 128

Advertising
background image

128

УПОТРЕБА

• Полнење на акумулаторска батерија #

- акумулаторските батерии на новите апарати не се

потполно наполнети

! исклучете го полначот од алатот откако ќе

заврши периодот за полнење со што ќе го

продолжите векот на употреба на батеријата

ВАЖНО:

- при полнење полначот и батеријата се загреваат;

тоа е нормално и не претставува никаков проблем

! новата литиум-јонска батерија или ако истата

не била користена подолг период нема

целосен капацитет ако не се полни околу 3

циклуса за полнење/празнење

- поврзете го полначот B и во штекер и со контактот

C

- светилката за полнење D се вклучува за да посочи

дека алатот се полни

- кога батеријата ќе се наполни докрај, светилката

за полнење D ќе се исклучи (по 4-6 часа)

- литиум-јонската батеријата може да се полни во

кое било време (прекинувањето на процесот на

полнење не ја оштетува батеријата)

- литиум-јонската батерија не мора да биде празна

пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„

како кај никел-кадмиумските батерии)

- доколку не го користете уредот подолго време,

извлечете го мрежниот приклучок на полначот од

приклучницата

• Заштита на батеријата

Го исклучува алатот автоматски кога

1) температурата на батеријата не е во дозволениот

опсег за температура од -10 до +60° C

2) литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја

заштити од целосно празнење)

! не продолжувајте да притискате на

прекинувачот за вклучување/исклучување

откако алатот ќе се исклучи автоматски;

батеријата ќе се оштети

• Безбедносен прекинувач за вклучување/

исклучување $

Спречува машината да се вклучи случајно

- вклучете ја машината прво со притискање на

безбедносниот прекинувач E 2 и потоа повлечете

го прекинувачот за активирање F 2

- исклучете ја машината со пуштање на

прекинувачот за активирање F

- оддалечете ја машината од областа за сечење

пред да ја исклучите

! по исклучување на машината, сечивото

продолжува да ротира уште неколку секунди

• Промена на сечивото %

! носете заштитни ракавици

- свртете го алатот наопаку

- притиснете го копчето за ослободување G

- лизнете го заштитниот капак H во истиот правец

со стрелката отпечатена на капакот и подигнете

го од куќиштето

! внимавајте при подигнување на заштитниот

капак; сечивото на ножиците за грмушки може

да падне неочекувано

- подигнете го сечивото J или K извлечете го и

поставете го потребното сечиво како што е

прикажано на сликата

- поставете го заштитниот капак H и лизнете го кон

сечивото за да се заклучи копчето

• Држење и насочување на алатот

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја ^

- заземете стабилна позиција за работа

- држете ја другата рака подалеку од сечивата

• Поткастрување жива ограда &

- прво поткастете ја живата ограда од страните (од

долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел

- поткаструвајте ја страната на живата ограда така

што таа да биде делумно потесна горе

- користете рачна пила или макази за кастрење за

да ги отсечете подебелите гранки

- сечивото за грмушки на ножиците, K како и

сечивото за трева J може да се користат за

поткастрување жива ограда

• Поткастрување трева и грмушки *

- започнете да работите во фази одгоре кога сечете

висока трева и сечете по малку

- сечете само сува трева за најдобри резултати

- држете ја машината подалеку од цврсти предмети

за да ги заштитите сечивата од прекумерно абење

- сечивото за трева на ножиците J може да се

користи и за поткастрување грмушки

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• За поткастрување жива ограда со изедначена

висина

- затегнете конец долж живата ограда на саканата

висина

- поткастрете ја живата ограда токму над конецот

• Препорачано време за сечење/поткастрување

(западна Европа)

- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни

лисја во јуни и октомври

- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во

април и август

- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите

брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до

октомври

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Отворањето на куќиштето може да ја оштети или

расипе машината

• Одржувајте ги машината, полначот и сечивата чисти

! пред чистењето на полначот треба да се

извлече неговиот мрежен приклучок

- чистете ја машината со влажна крпа (не користете

средства за чистење или растворувачи)

- по употреба, секогаш внимателно исчистете и

делумно подмачкајте ги сечивата за косење

! носете ракавици кога ракувате или ги чистите

сечивата

• Редовно проверувајте ја состојбата на сечивата и

затегнатоста на навртките на сечивото

Advertising