Употреба, Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 0700 RA (Weedbuster) User Manual

Page 86

Advertising
background image

86

УПОТРЕБА

• Упатство за спојување

! секогаш извадете го приклучокот пред да ја

ставате/вадите четката

- лизнете ја заштитата A преку куќиштето на

моторот како што е прикажано на сликата за да

кликне на своето место !

- поставете го тркалото B на куќиштето на моторот

како што е прикажано на сликата за да кликне на

своето место @

- притиснете го копчето за заклучување на

осовината C и држете го додека ја разлабавувате

стегата D со клуч E #

- поставете ја четката F така што центарот ќе се

порамни со индикаторот за четката G

- затегајте ја стегата D со клуч E додека го

притискате копчето за заклучување на осовината C

! заменете ја четката кога ќе се изаби

(дополнителна опрема на SKIL, број

2610Z02973)

• Прилагодување на висината $

- разлабавете ја главата H вртејќи ја во правецот на

стрелките на часовникот

! кога го користите алатот за првпат, свртете ја

рачката за K 90° по разлабавување на главата

за заклучување H

- издолжете ја цевката J до саканата висина

- затегнете ја главата H вртејќи ја обратно од

правецот на стрелките на часовникот

! не применувајте сила врз алатот кога ја

продолжувате/скратувате цевката на саканата

должина

• Водилка за кабелот %

- закачете ја куката на продолжниот кабел над

водилката L како што е прикажано

- повлечете цврсто за да го обезбедите

продолжниот кабел

• Вклучено/Исклучено ^

- вклучете го алатот со притискање на

прекинувачот за активирање M

- исклучете ја машината со пуштање на

прекинувачот за активирање M

! по исклучување на алатот, четката

продолжува да ротира уште неколку секунди

- оставете четката да престане да се врти пред

повторно вклучување

! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу

• Пред користење на електричниот алат

- обезбедете четката F # да биде правилно

поставена и стегата D # да биде цврсто затегната

- пробно вклучете го алатот најмалку 30 секунди на

најголема брзина во празен од и во сигурна

положба

- веднаш престанете со работата доколку дојде до

поголеми вибрирања или други неправилности во

работата и прегледајте го алатот, за да ја

одредите причината

• Отстранување коров

! проверете дали областа за косење е без

камења, отпадоци и други страни предмети

- обезбедете долната страна на алатот да биде во

рамна позиција

- започнете да работите само кога работи моторот

- започнете со работа близу главниот приклучок и

постепено оддалечувајте се работејќи

- чувајте го алатот подалеку од цврсти предмети и

растенија

- не користете го алатот на едно место предолго

- не преотоварувајте ја машината

• Држење и насочување на алатот &

- држете го алатот цврсто со една рака

- водете го алатот со постојана брзина преку

површината на којашто треба да се работи

- заземете стабилна позиција за работа

- секогаш држете ја машината далеку од телото

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• За најдобри резултати, проверете го алатот на мал

дел од површината и проверете дали плочките ќе се

оштетат

• Редовно вадење на коровот помага да се избегне

истрајниот коров

• Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат

чистиAlways keep tool and cord clean

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

- редовно чистете ги процепите за вентилација N 2

со мека крпа

- редовно отстранувајте ја нечистотијата од

заштитата за сечење A 2 со мека четка

• Чување *

- чувајте ја машината во затворен простор на суво

и затворено место и подалеку од дофат на деца

- внимателно поставете ја шината за складирање P

на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и

порамнете хоризонтално

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

• Следниот список ги прикажува симптомите за

проблемите, можните причини и дејства за поправка

(контактирајте со продавачот или сервисерот ако

истите не го идентификуваат ниту решаваат

проблемот)

! исклучете ја машината и извадете го

приклучокот пред да го истражувате

проблемот

★ Машината не работи

- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->

користете друг штекер

- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го

продолжниот кабел

- неправилно поставена четка -> поставете ја

четката повторно

Advertising