Употреба – Skil 7220 (F0157220..) User Manual

Page 100

Advertising
background image

100

Ако кабелот се оштети или пресече за време на

работата, веднаш исклучете го и не го допирајте

Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно

лице

Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е

назначен на плочката на алатот (алатите за напон

од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на

напон од 220V)

Овој алат не е соодветен за брусење во влажна

средина

• Не обработувајте никаков материјал кој содржи

азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)

Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали,

може да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

Некои видови на прашина се канцерогени (како

на пример прашината од даб или бука), особено

заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете

маска за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

При брусење на метал доаѓа до појава на искри;

не користете кутија за прашина/правосмукалка а

останатите лица и запалливи материјали треба да

се наоѓаат подалеку од местото каде се работи

Не допирајте ја брусната хартија која се движи

Не користете истрошена, изабена или многу

зачепена брусна хартија

Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна

облека и заштита за коса (доколку имате долга

коса)

• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја

пред да вршите било какво подесување или

замена на приборот

УПОТРЕБА

Потпорни перничиња

- никогаш не користете го алатот без потпорната

подлошка A или B, или основната плоча C

- користете ја точната потпорна подлошка за

соодветната апликација (видете Совети за

апликациите)

! заменете ги оштетените потпорни перничиња

веднаш

Менување потпорни подлошки ④

- извадете ја шмирглата за пескарење од ВЕЛКРО

- извадете го шрафот на перничето D со инбус E

- поставете ја потпорната подлошка A или B како

што е прикажано

- доколку е потребно, најпрво исчистете го

потпорното перниче

- затегнете го шрафот на перничето D со инбус E

! држете ја потпорната подлошка цврсто додека

го разлабавувате/затегнувате шрафот на

перничето D

! исклучете го алатот од струја пред

отстранување/вметнување на потпорните

перничиња

! шрафот на перничето D се вжештува во текот

на работата; не допирајте го пред да се излади

Поставување на брусната хартија ⑤

! извлечете го приклучокот ако кабелот

- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО како

што е прикажано

! за вшмукување на прашина е потребна

перфорирана брусна хартија

! перфорацијата на брусната хартија треба да

е соодветна на перфорацијата на брусната

плоча

! навремено заменете ја истрошената брусна

хартија

! целосната површина за брусење треба да

биде прекриена со брусна хартија кога ќе го

користите алатот

Прекинувач со две брзини ⑥

- алатот вклучете/исклучете го со поместување на

прекинувачот F ② напред/назад (3 позиции)

0 = исклучено

1 = пониска брзина

2 = повисока брзина

- изберете ја позицијата 1 за прецизно брусење

(кога работите со делта-врв G или специјални

додатоци за брусење H, J или K)

- изберете ја позицијата 2 за брзо брусење

! алатот треба да го вклучите пред брусната

површина да го допре местото каде ќе

работите

! уредот треба да се подигне од работната

површина пред тој да биде исклучен

Поставување специјални приклучоци за пескарење

(не се вклучени во приборот) ⑦

- поставете ја основната потпора C (слично на

поставување на потпорните подлошки)

- поставете го додатокот H, J или K на основната

потпора C и затегнете со вртење на копчето L во

правецот на стрелките на часовникот

- поставете ја соодветната шмиргла за пескарење

од ВЕЛКРО на приклучокот за пескарење

- извадете ги додатоците или сменете ја нивната

позиција со вртење на копчето L во правец

обратно од стрелките на часовникот

- 5 позиции за пескарење

Вшмукување прашина ⑧

- редовно празнете ја кутијата за прашина M за

оптимално собирање на прашина

За употреба на правосмукалка

- извадете ја вреќата за прашина M со притискање

на копчето N и држете го во таа позиција додека ја

влечете вреќата наназад

- поврзете ја правосмукалката за продолжетокот P

! не користете ја кутијата за прашина/

правосмукалката за собирање прашина кога

брусите метал

Држење и насочување на алатот ⑨

- држете го алатот паралелно со површината која ја

обработувате

! не применувајте многу притисок врз алатот

и оставете ја површината за чистење да ја

заврши работата за вас

Advertising