Совети за примена, Одржување/сервисирање, Заштита на животната средина – Skil 7220 (F0157220..) User Manual

Page 101: Декларација за усогласеност

Advertising
background image

101

- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на

несакани траги од брусењето

! додека работите, секогаш држете го алатот

за местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја

- отворите за ладење Q ② држете ги отворени

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

Користете го алатот со делта-врвот насочен напред

за закосени, тесни и други тешко достапни места ⑩

Користете го алатот со рамната страна насочена

напред за долги потези на рамни површини ⑪

За брусење закривени површини како и за брусење

со голема моќ за отстранување, користете го алатот

во комбинација со потпорна подлошка A ②

Користете го алатот со специјалните приклучоци за

пескарење за недостапни места ⑫

Флексибилната шмиргла за пескарење е наменета

за

- заоблување на површини со рабови ⑬a

- сите заоблени површини со максимален дијаметар

од 10 см ⑬b

Кога делта-врвот G е изабен или оштетен на врвот,

може да му го продолжите рокот на употреба за

двапати ако го извадите, го свртите за 120° и да

го вратите на место (применливо е и за делта-

шмирглата за пескарење) ⑭

Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за

дрво и за метал

Препорачана рапавост на брусната хартија

груба

- за отстранување боја, за

пескарење исклучително грубо

дрво

средна

- за пескарење грубо или рамно

дрво

фина

- за мазнење дрво, за завршување

на површината на оголено дрво,

за мазнење површини со стара

боја

Користете разни големини на шмиргли кога

површината е груба:

- започнете да пескарите со груба или средна

шмиргла

- завршете со фината шмиргла

Многу други совети можете да најдете на www.skil.

com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

Овој алат не е наменет за професионална употреба

Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење Q ②)

- со четкичка отстранете ја насобраната прашина

од брусењето

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА

СРЕДИНА

• Не се ослободувајте од електични алати,

уреди или амбалажа преку нивно фрлање во

домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)

- според Европската Директива 2002/96/EC за

ослободување од електрична и електронска

опрема и нејзина имплементација во согласност

со националните закони, електричните алати кои

го достигнале крајот на својот животен век мора

да бидат собрани посебно и да бидат вратени во

соодветен објект за рециклирање

- симболот ⑮ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде

време алатот да го фрлите

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ

Со целосната наша одговорност изјавуваме

дека овој производ е во согласност со следниве

стандарди или стандардизирани документи: EN

60745, EN 61000, EN 55014, во согласност со

одредбите од директивите 2004/108/EG, 2006/42/

EG, 2011/65/ЕУ

• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/

ENG1), 4825 BD Breda, NL

19.08.2013

SKIL Europe BV, 4825 BD Breda, NL

Marijn van der Hoofden

Operations & Engineering

Olaf Dijkgraaf

Approvals Manager

БУЧАВА/ВИБРАЦИИ

Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен

притисок е 75 dB(A) а нивото на звучна моќност 86

dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација

10,7 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)

Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено

на задниот дел на ова упатство е измерено во

согласност со стандардизираниот тест даден во EN

60745; може да се користи за да се спореди еден

алат со друг, и како првична оценка за изложеноста

на вибрации кога се користи алатот за споменатите

примени

- користењето на алатот за разни примени, или со

различни или неправилно чувани делови, може

да доведе до значајно зголемување на нивото на

изложеност

- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен

но не врши некаква работа, може да дојде до

значително намалување на нивото а изложеност

! заштитете се од ефектите на вибрациите

преку одржување на алатот и неговите

делови, одржување на топлината во вашите

раце, и организирање на вашата работа

Advertising