Skil 9030 AA User Manual

Page 157

Advertising
background image

157

e) Кога го употребувате полначот надвор,

користете продолжен кабел кој е соодветен за

употреба на отворен простор. Примената на

продолжен кабел соодветен за работа на отворен

простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со

електричниот алат во влажна средина,

користете прекинувач за струјна заштита при

технички проблеми. Употребата на прекинувачот

за струјна заштита при технички проблеми го

намалува ризикот од електричен удар.

3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и

постапувајте внимателно додека работите со

електричниот алат. Не работете со уредот

доколку сте уморни или под дејство на дрога,

алкохол или лекови. Еден момент на невнимание

при употребата може да доведе до сеиозни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш

носете заштитни очила. Носењето на личната

заштитна опрема, како што е маската за прашина,

безбедносната облека која не се лизга, заштитен

шлем или штитник за слух, зависно од видот и

примената на електричниот алат, ја намалува

опасноста од повреда.

c) Избегнувајте невнимателно вклучување за

време на работата. Осигурајте се прекинувачот

да биде во “OFF” позиција пред да го ставите

штекерот во приклучокот. Доколку го носите

електричниот алат со прстот на прекинувачот или го

приклучувате апаратот кој е приклучен со

напојување на струја, може да предизвикате

незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите

за подесување или клучот за навртување. Алатот

или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот,

може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности.

Завземете сигурен и стабилен став и во секој

момент одржувајте рамнотежа. На тој начин

можете подобро да го контролирате уредот во

неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка

облека или накит. Косата, облеката и

ракавиците држете ги подалеку од деловите кои

се движат. Комотната облека, накитот или долгата

коса може да бидат фатени во деловите кои се

движат.

g) Доколку може да се монтираат направи за

вшмукување и фаќање прашина, проверете дали

се вклучени и дали можат исправно да се

користат. Примената на овие направи ја намалува

опасноста од прашината.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата

работа користете го предвидениот електричен

алат за таа употреба. Со соодветниот електричен

алат ќе работите подобро и посигурно во наведената

функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е

неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може

да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се

поправи.

c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред

извршување на било какви подесувања на

апаратот, замена на приборот или складирање.

Со овие мерки на внимателност ќе се избегне

невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите

од допирот на децата. Не допуштајте работа со

уредот на лица кои не се запознаени со него или

кои го немаат прочитано ова упатство.

Електричните алати се опасни доколку со нив

работат неискусни лица.

e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте

контрола околу тоа дали движечките делови на

уредот работат беспрекорно и дали не се

заглавени, дали деловите се скршени или

оштетени до таа мерка што не може да се

обезбеди функционирање на уредот. Пред

примената, овие оштетени делови треба да се

поправат. Причина за многу незгоди е лошо

одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри

очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата

ќе биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,

треба да ги користите според овие упатства, и на

начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.

При тоа, земете ги предвид работните услови и

работата која се извршува. Употребата на

електричните алати за други цели кои не се

предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

5) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја

само на обучен, стручен кадар на овластен

сервисер, и само со оригиналните резервни

делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да

остане со зачувана безбедност.

БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ

1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ

a) Овој алат е наменет да за брусење, пескарење,

четкање или сечење. Прочитајте ги сите

безбедносни предупредувања, упатства, слики и

спецификации што се обезбедуваат со овој алат.

Непочитувањето на сите упатства подолу може да

доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна

повреда..

b) Овој алат не се препорачува за полирање.

Операциите за кои не е наменет овој алат може да

бидат ризични или да предизвикаат лична повреда.

c) Не користете дополнителна опрема којашто

производителот на алатот специфично не ја

наменува или препорачува. Само заради тоа што

одредена дополнителна опрема може да се прикачи

на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна

работа.

d) Номиналната брзина на дополнителната опрема

мора ба биде барем еднаква на максималната

брзина посочена на алатот. Дополнителната

Advertising