Употреба – Skil 1415 AC User Manual

Page 164

Advertising
background image

164

ОПШТИ

• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години

• Овој електричен алат треба да го користите само за

работа без употреба на вода

• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја

пред да вршите било какво подесување или

замена на приборот

ПРИБОР

• SKIL може да признае гаранција само доколку е

користен оригинален прибор

• Исклучиво користете прибор кој е препорачан од SKIL

• За поставување и користење на приборите кои не се

SKIL погледнете го упатството на производителот

• Користете само прибор чија дозволена брзина е во

најмала рака еднаква на најголемата брзина при

празен од на електричниот алат

• Не користете оштетен, деформиран или вибрирачки

прибор

• Внимателно ракувајте со дисковите за брусење и

сечење и чувајте ги за да избегнете оштетувања

• Заштитете го приборот од потреси, удари и масни

површини

• Никогаш не користете дискови за брусење поголеми

од 32 мм (1 1/4’’) Ø

• Никогаш не користете дупчалки поголеми од 3,2 мм

(1/8’’) Ø

• Никогаш не користете го дискот за сечење, за

странично брусење

• Никогаш не користете ги редукторите или

адаптерите за да ставите дискови за брусење или

сечење со преголем отвор

ПРЕД УПОТРЕБА

• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е

назначен на плочката на алатот (алатите за напон од

230V или 240V исто така може да се поврзат и на

напон од 220V)

Не обработувајте никаков материјал кој содржи

азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)

Зацврстете го материјалот кој го обработувате

(обработка која е зацврстена со стеги или во

менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)

• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде

сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А

• Носете заштитни очила и заштита за ушите 4,

заштитни ракавици, и цврста облека; доколку е

потребно, носете и престилка

• Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали, може

да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на

пример прашината од даб или бука), особено заедно

со адитиви за одржување на дрвото; носете маска

за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

• Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

• Проверете дали големината на металниот обрач

одговара на големината на приборот

• Проверете дали алатот е исклучен кога го

приклучувате во приклучокот

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

Користете ги страничните дршки кои се

испорачуваат заедно со машината (губењето на

контрола може да доведе до повреди)

• Фаќајте го електричниот алат само со изолирани

фаќалки, доколку изведувате работи, кај приборот

може да се сретнат скриени струјни водови или

сопствениот мрежен кабел (контакт со вод кој

спроведува напон ги става и металните делови на

електричниот алат под напон и доведува до

електричен удар)

• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на

алатот кои се движат; кабелот држете го на задната

страна, на страна од алатот

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

• Никогаш не го заклучувајте вретеното додека алатот

е вклучен (оштетувањата поради неправилно

ракување не се вклучени во гаранцијата)

• Рацете држете ги подалеку од приборот кој се врти

• При брусење на метал доаѓа до искричење;

останатите лица и запалливи материјали треба да се

наоѓаат што е можно подалеку од местото каде се

работи

• Одржувајте ги отворите за вентилација слободни

додека работите

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

ПО УПОТРЕБА

• Приборот се врти уште некое време, по

исклучувањето на електричниот алат

• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и

проверете дали сите подвижни делови се комплетно

застанати

• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш

немојте да го запирате вртењето на приборот со

примена на сила

• Електричниот алат чувајте го на места каде

температурата не е над 50ºC

УПОТРЕБА

• Менување на приборот 5

! исклучете го алатот и извадете го од

приклучокот

! проверете дали големината на металниот

обрач одговара на големината на осовината

на приборот

- притиснете го копчето за заклучување на

вретеното B и држете го притиснато додека со

раката ја навртувате навртката на обрачот D, така

што бравата на вретеното оневозможува

понатамошно вртење , а потоа отпуштете ја

навртката на обрачот D, со помош на клучот E

- ставете го приборот во обрачот C што подлабоко,

за да не дојде до негово паѓање или губење а

рамнотежа

Advertising