Употреба, Совети при работењето, Отстранување грешки – Bosch AQT 33-10 User Manual

Page 134

Advertising
background image

134 | Македонски

F 016 L70 993 | (10.6.13)

Bosch Power Tools

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат
водоотпорни.

Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во
вода.

За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.

Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи
Бош електричар.

Предупредување за производите кои не се за Британски
пазар
предвидени:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност машината треба да се
користи со продолжен кабел. Спојот со продолжниот
кабел мора да биде заштитен од прскање, направен од
гума или обложен со гума. Продолжниот кабел мора да се
користи со автоматски намотувач.

Имајте на ум дека овој уред не смее да работи без вода.

Употреба

Вклучување

Монтирајте го доводното црево (не е вклучено со самата
машина) на славина и на уредот.

Осигурајте се дека прекинувачот е во положба «0» и
поврзете го уредот на струја.

Отворете ја славината.

Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна
од дршката на пиштолот) за до го ослободите чкрапалото,
местејќи го на позиција. Притиснете го чкрапалото и
држете го така се додека водата не протече непрекинато и
додека се не истисне целиот воздух од уредот и од
високопритисното црево. Пуштете го чкрапалото.
Притиснете го безбедносниот закочувач (на предната
страна од дршката на пиштолот).

Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот
надолу. Притиснете го безбедносниот откочувач за да го
ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до
крај.

Аутостоп функција

Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се
отпушта чкрапалото.

Совети при работењето

Општи упатства

Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот.

Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја
високопритисната пералка за цревото. Во таков случај
пералката не е стабилна и може да се преврти.

Не газете го високопритсното црево и не возете преку
него. Заштитете го високопритисното црево од оштри агли
и рабови.

Не користете ротациони млазници за миење на
автомобил.

Совети за работа со детергенти

Користете само детергенти соодветни за употреба

со високопритисни пералки.

Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел
на заштита на животната средина. Прочитајте го
упатството за растворање на детергентот.

Препорачан начин на чистење

Чекор 1: Олабавување на нечистотијата
Извадете ја ротационата млазница од копјето за прскање
за да створите слаб млаз и додадете малку детергент.

Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.

Напомена: Чистете оддолу нагоре. Плакнете одгоре
надолу.

Отстранување грешки

Проблем

Можна причина

Решение

Моторот не се вклучува

Уредот не е вклучен на струја

Вклучете го уредот на струја

Утикачот е неисправен

Користете друг утикач

Прегорен осигурувач

Заменете го осигурувачот

Продолжниот кабел е оштетен

Пробајте без продолжен кабел

Активирана е заштитата на моторот од
прегревање

Оставете го моторот да се лади 15 минути.

Замрзнување

Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното
црево и останатите делови.

Моторот престанува со
работа

Прегорен осигурувач

Заменете го осигурувачот

Погрешна волтажа

Проверете на натписната плочка дали волтажата
на напојната мрежа е соодветна

Активирана е заштитата на моторот од
прегревање

Оставете го моторот да се лади 15 минути.

OBJ_BUCH-1870-004.book Page 134 Monday, June 10, 2013 10:08 AM

Advertising