Bosch GBH 36 V-LI Compact Professional User Manual

Page 170

Advertising
background image

170 | Македонски

1 619 92A 05W | (15.3.13)

Bosch Power Tools

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот

апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Батеријата може да се
оштети.

Вадење на батеријата
Батеријата 12 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 13.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.

За да ја извадите батеријата 12:
– Притиснете ја батеријата наспроти основата на

електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за
отворање 13 (2.).

– Извлечете ја батеријата од електричниот апарат,

додека не се појави една црвена лента (3.).

– Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 13 и

целосно извадете ја батеријата.

Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 15 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
12. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.

– Притиснете го копчето 16, за да се прикаже

наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и
кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди
приказот за наполнетост сам се гаси.

Доколку по притискањето на копчето 16 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.

За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.

Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C . Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.

Дополнителна дршка

Користете го вашиот електричен апарат само со

дополнителна дршка 17.

Свртете ја дополнителната дршка (види слика A)
Дополнителната дршка 17 може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.

– Завртете ја пеперутка-завртката за подесување на

дополнителната дршка 11 во правец спротивен на
стрелките на часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 17 во саканата позиција. Потоа зацврстете ја
пеперутка-завртката 11 во правец на стрелките на
часовникот.

Подесување на длабочина на дупчење (види слика B)
Со граничникот за длабочина 1 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот

за длабочина

10 и поставете го граничникот за

длабочина во дополнителната дршка 17.

Избраздениот дел на граничникот за длабочина 1 мора да
покажува надолу.

– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во

прифатот за алат SDS-plus 2. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.

– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,

да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина

X.

Бирање на глава за дупчење и алат

За ударно дупчење потребен ви е SDS-plus-алат, што ќе се
вметне во SDS-plus-главата за дупчење.

За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.

Замена на запчестата глава за дупчење

За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).

LED

Капацитет

Трајно светло 3 x зелено

≥2/3

Трајно светло 2 x зелено

≥1/3

Трајно светло 1 x зелено

<1/3

Трепкаво светло 1 x зелено

Резерва

OBJ_BUCH-518-007.book Page 170 Friday, March 15, 2013 4:44 PM

Advertising