Македонски – Braun 7961 Silk-épil 7 - SkinSpa Spa RU User Manual

Page 25

Advertising
background image

25

Македонски

Нашите производи се направени да ги
исполнат највисоките стандарди за квалитет,
функционалност и дизајн. Се надеваме дека
во целост ќе уживате во вашиот Braun Silk·épil
7 SkinSpa.

Внимателно прочитајте го упатството за
употреба пред користење на апаратот и
задржете го за идна употреба.

Braun Silk·épil 7 SkinSpa нуди целосен систем
за убава кожа:
• Главата за епилација (2) и најкусите влакна

(0,5 мм) ги отстранува од корен.

• Четката за ексфолијација (10а) видливо го

подобрува изгледот на вашата кожа така што
ја отстранува сувата кожа со нежни микро
вибрации.

Апаратот може да се користи на сува и на
влажна површина.

Важно
• Апаратот треба да се користи индивидуално

поради хигиенски причини.

• Овој апарат се продава заедно со

специјален комплет со кабли со вградено
безбедносно напојување со многу низок
напон. Не заменувајте ги и не ракувајте со
неговите составни делови. Во спротивно
постои ризик од струен удар.

Апаратот може да се користи и во
када или под туш. Од безбедносни
причини, може да се користи само

без кабел.

• Деца до 8 години и лица со намалени

физички, сетилни или психички способности
или лица кои немаат доволно искуство или
знаење, може да го користат апаратот само
под надзор и ако им се објасни како безбедно
да го користат и им еобјаснета потенцијалната
опасност. Не е дозволено деца да играат со
апаратот. Не е дозволено деца да го чистат
или одржуваат апаратот без надзор.

• Кога е вклучен, апаратот не смее да дојде

во допир со коса, трепки, ткаенина, итн. за
да се спречи опасност од повреди како и
блокирање или оштетување на апаратот.

Опис

1

Високофреквентен систем за масажа

2

Глава за епилација

3 Паметна

светилка

4

Прекинувач со копчиња (4a)

5

Светилка за полнење

6

Копче за ослободување

7

Специјален комплет со кабли

8

Капаче за чувствителни области
(само со модел 7961, 7931)

9

Капаче за лице
(само со модел 7961, 7931)

10 Адаптер за четка
10a Четка за ексфолијација
10b Заштитен капак

11 Држач за полнење (само со модел 7961)
12 Четка за чистење

Полнење

• Пред употреба, наполнете го апаратот.

За најдобри резултати, Ви препорачуваме
секогаш да го користите апаратот целосно
наполнет. Со употреба на специјалниот ком-
плет со кабли вклучете го апаратот со изгасен
мотор во струја. Времето на полнење е околу
еден час.

• Само за модел 7961: Со користење на

специјалниот комплет со кабли, вклучете го
држачот за полнење во струја и поставете го
врз него држачот за полнење.

• Светилката за полнење (5) свети зелено (+)

за да покаже дека апаратот е наполнет. Кога
батеријата целосно ќе се наполни, зелената

светилка за полнење свети постојано. Кога е
целосно наполнет, користете го апаратот
без кабелот.

• Кога светилката за полнење свети црвено

(–) покажува дека е време апаратот пов-
торно да се наполни. Вклучете го во струја
со специјалниот комплет со кабли.

• Целосно наполнет апарат може да се користи

до 40 минути без кабел.

• Употребата на влажни површини може да го

намали времето на употреба.
Ви препорачуваме повторно полнење на
апаратот по секоја употреба.

• Најдобрата температура за полнење,

употреба и чување на апаратот е меѓу 15 °C
и 35 °C. Доколку температурата е многу
пониска или повисока од наведената,
полнењето може да трае подолго и може да
се намали времето за употреба без кабел.

Заштита од прегревање
За да се спречи прегревање на апаратот, што е
малку веројатно, може да се случи светилката
за полнење (5) да свети црвено осум секунди
а потоа апаратот автоматски да се исклучи.
Во тој случај, вратете го прекинувачот во
позицијата «0» (исклучено) и почекајте да се
излади апаратот.

Користење на апаратот

Со притискање на копчето за заклучување
(4a) вклучете го прекинувачот (4) во насока на
стрелките на часовникот. Може да изберете ја
брзината «I» или «II».

Паметната светилка (3) свети додека е
вклучен апаратот. Тоа овозможува подобра
видливост на тенките влакна или кожата.

За менување на додатоците, притиснете го
копчето за ослободување (6). Отстранете го
додатокот и наместете го другиот.

92193503_SE7961_CEE_S6-44.indd 25

92193503_SE7961_CEE_S6-44.indd 25

26.07.12 15:54

26.07.12 15:54

Advertising
This manual is related to the following products: