Braun 7961 Silk-épil 7 - SkinSpa Spa RU User Manual

Page 27

Advertising
background image

27

ваме да се посоветувате со доктор. Најчесто,
реакцијата на кожата и чувството на болка
значително се намалуваат со зачестената
употреба на Silk·épil.

Во некои случаи воспалението на кожата може
да се појави кога некоја бактерија ќе пробие
низ кожата (на пр. кога поминувате со апаратот
по кожата). Темелното чистење на додатокот
за епилација пред секоја употреба значително
ќе го намали ризикот од инфекција.

Доколку се двоумите околу употребата на
апаратот, Ве молиме да се посоветувате со
Вашиот доктор. Во следниве случаи апаратот
треба да се користи само по советување со
доктор: егзема, рани, воспалителни реакции
на кожата како фоликулитис (загноени кожни
фоликули) и попуштени вени, околу бенки,
намален имунитет на кожата, на пр. дијабет,
мелитус, за време на бременост, болеста
Рајнодс, хемофилија, кандида и недостаток на
имунитет.

II Ексфолијација

Совети за ексфолијација
Четката за ексфолијација (10a) е направена за
употреба по целото тело, особено за нозете,
рацете и деколтето. Не треба да се користи на
лицето. Нежното четкање со повеќе од 3000
микро вибрации на минута, ефективно ги
отстранува сувите кожни клетки за видливо
поубав изглед на кожата.

Четката за ексфолијација може да ја користите
еднаш седмично на сува или влажна кожа
додека се туширате.
Меѓутоа, доколку ја користите во када не ја
потопувајте во вода бидејќи тоа ќе ги намали
резултатите од ексфолијацијата.

Употребата на четката на влажна кожа обезбе-
дува 4 пати подобра ексфолијација од рачното

нанесување на производи за козметичка
ексфолијација.
За најдобри резултати, пријатно чувство и
удобност, Ви препорачуваме да го користите
производот на влажна кожа со крема за
пилинг или гел за туширање по ваш избор.

Ексфолијација
Поставете ја четката за ексфолијација (10a) на
адаптерот за четка (10).
Поставете го адаптерот за четка на апаратот.

A Изберете ја брзината «I» за областите со

осетлива кожа, а брзината «II» за нормална
кожа.

B Бавно движете ја четката за ексфолијација

во кружни движења по кожата за да стане
нежна. Избегнувајте да ја држите четката
подолго време на едно место. Не ја користете
четката за ексфолијација на лицето.

Редовната употреба на четката за ексфолија-

ција (на пр. еднаш седмично) помага во
намалувањето на ризикот од поткожни
влакна: мртвите кожни клетки се отстрану-
ваат на таков начин што новите влакна
лесно може да пробијат на површината од
кожата. Ви препорачуваме да правите
ексфолијација најмалку 1-2 дена пред
епилацијата.

C Чистење на четката за ексфолијација
По употреба, исплакнете ја четката под

чешма.

Ако е потребно, за темелно чистење може

да користите течен сапун.

Истресете го вишокот вода од четката и

оставете ја да се исуши.

Ставете го заштитниот капак (10b) пред

складирање на четката.

D Замена на четката за ексфолијација
Кога се употребува седмично, Ви препорачу-

ваме четката да ја замените (10a) по 12 месе-
ци. Четките (реф. бр. 79 Spa) може да ги

најдете на продажните места и сервисните
центри Braun или преку www.service.braun.
com.

Белешка за животната средина
Овоj производ употребува обновливи
батерии. Во интерес на животната
средина, ве молиме не фрлајте ниеден
од производите во отпадоците од
домаќинството, кога ќе му помине
животниот век. Отпадокот може да заврши
во сервисниот центар на Braun или пак на
одредени места, каде фрлањето на овие
отпадоци е овозможено од државата.

Предмет на промена без известување.

Гаранција
2 годишна гаранција за производот од
датумот на купување. Во периодот од
времетраењето на гаранцијата, доколку се
појават дефекти на самиот апарат, бесплатно
ќе ги отстраниме или поправиме/замениме
истите во целост. Оваа гаранција важи во
секоја држава каде апаратите се дистрибуи-
рани од страна на Braun или нивниот назначен
дистрибутер.
Оваа гаранција не важи доколку: апаратот е
оштетен поради неправилно користење, при
редовна употреба или појава на недостатоци
кои незначително влијаат на вредноста на
самиот апарат.
Гаранцијата престанува да важи доколку
поправките се направени од страна на
неовластени лица или не се користени
оригинални Braun делови за нивна замена.
За да добиете соодветен сервис, во периодот
на времетраењето на гаранцијата, доставете
го или испратете го апаратот, заедно со
сметката до овластените сервисни центри на
Braun.

92193503_SE7961_CEE_S6-44.indd 27

92193503_SE7961_CEE_S6-44.indd 27

26.07.12 15:54

26.07.12 15:54

Advertising
This manual is related to the following products: