Samsung SM-P905 User Manual
Page 429

Македонски
428
Користете го уредот само за неговата наменета употреба
Вашиот уред може да функционира неправилно.
Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите уредот
во јавност
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред
Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на
Вашата гаранција од производителот.
Внимателно ракувајте со SIM-картичките, мемориските картички
и каблите
• Кога вметнувате картичка или поврзувате кабел во уредот, осигурете
се дека картичката е вметната или кабелот е поврзан во правилната
страна.
• Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на податоците
и/или оштетување на картичката или уредот.
• Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и
електрични пречки од другите уреди.
• Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или
метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката со
мека крпа.
• Вметнувањето картичка или поврзувањето кабел присилно или
неправилно може да доведе до оштетување на повеќенаменскиот
приклучок или другите делови на уредот.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат
возможни во некои подрачја или околности. Пред патување во
оддалечени или неразвиени подрачја, испланирајте резервен метод за
контакт со персоналот задолжен за итни повици.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105