Регистрирање на слушалката во базата – Panasonic KXTGA815FX User Manual

Page 61

Advertising
background image

61

Регистрирање на слушалката во базата

Уверете се дека слушалката е вклучена. Ако не е вклучена, притиснете и
држете {ic} неколку секунди за да ја вклучите слушалката.

1

Слушалка:
Подигнете ја слушалката и притиснете {ic}.

2

База:
Притиснете и држете {x} околу 5 секунди.
• Се слуша звук за регистрација во зависност од базата.
• Ако започнат да ѕвонат сите регистрирани слушалки, притиснете го

{x}

повторно за да престанат, а потоа повторете го овој чекор.

3

Слушалка:
Ставете ја слушалката во базата или на полначот.
• Продолжете со постапката дури и ако на екранот на слушалката се

прикаже “Почекајте 1 минута.”.

4

Додека слушалката се наоѓа во базата или на полначот, почекајте
додека не се слушне тон за потврда и не се прикаже w.

Забелешка:
• Ако се слушне тон за грешка или ако се прикаже _, регистрирајте ја

слушалката според упатството за употреба на базата.

• KX-TG6711/KX-TG8151/KX-TG8551 нема опција за систем за одговор.
• Опциите за систем за одговор се достапни само кога слушалката ќе се

регистрира со KX-TG6721/KX-TG8161/KX-TG8561.

За ваша безбедност

За да спречите тешка повреда или губење на живот/имот, внимателно прочитајте го
овој дел пред да го употребвате производот за да обезбедите правилна и безбедна
работа на вашиот производ.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Поврзување со струја
• Целосно ставете го адаптерот за наизменична струја/приклучокот за струја во

штекерот. Ако не направите така може да се предизвика струен удар и/или
прекумерна топлина што ќе предизвика пожар.

• Редовно чистете ја прашината и др. од адаптерот за наизменична струја/приклучокот

за струја така што ќе го извадите од штекерот и ќе го избришете со сува крпа.
Насобраната прашина може да предизвика проблем во изолцијата од влага, што
може да предизвика пожар.

• Исклучете го производот од штекерите за струја ако од него излегува чад,

невообичаена миризба или ако прав невообичаен звук. Овие услови може да
предизвикаат пожар или струен удар. Уверете се дека повеќе не излегува чад и
контактирајте со овластен сервисен центар.

TGA671FX(fx).book Page 61 Saturday, February 18, 2012 1:14 PM

Advertising
This manual is related to the following products: