Употреба, Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 0740 RT User Manual

Page 108

Advertising
background image

108

чистите заглавен материјал (момент на

невнимание при работата со машината може да

доведе до лична повреда)

Држете го кабелот (продолжниот) подалечу од

областа за поткастрување (кабелот може да се

сокрие во грмушките во текот на работата и

сечивата да го пресечат случајно)

Држете го алатот само за изолираните

површини за зафаќање бидејќи сечивата може

да дојдат во контакт со сокриените жици или со

кабелот (ако дополнителната опрема за сечење и

зацрстувачите дојдат во контакт со жица под напон

може да ги електрифицираат металните делови на

алатот и да предизвикаат електричен удар на

операторот)

• Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не

превиткувајте или не влечете го

• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,

масло и остри рабови

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

ПО УПОТРЕБА

• Секогаш исклучувајте го алатот и извадете го

приклучокот по употреба

Носете ја машината за рачката со застанати

сечива и при транспортирање или складирање

на машината, секогаш ставајте је заштитата за

сечивата (правилното ракување со машината ќе го

намали ризикот од можни лични повреди

предизвикани од сечивата)

• Чувајте ја машината во затворен простор на суво и

затворено место и подалеку од дофат на деца

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3

Пред употреба прочитајте го прирачникот за

употреба

4

Не изложувајте го алатот на дожд

5

Носете заштитни очила и заштита за ушите

6

Веднаш извлечете го приклучокот ако кабелот

(и продолжниот) се оштети или пресече во текот

на работата

7

Двојна изолација (не е потребна заземна жица)

УПОТРЕБА

• Водилка за кабелот 8

- закачете ја куката на продолжниот кабел над

водилката A како што е прикажано

- повлечете цврсто за да го обезбедите

продолжниот кабел

• Двостепен безбедносен прекинувач 9

Спречува машината да се вклучи случајно

- вклучете го алатот со едновремено притискање на

прекинувачот B и прекинувачот C

- исклучете го алатот со едновремено пуштање на

прекинувачот B или на прекинувачот C

• Работа со алатот

! започнете со поткастрување само кога работи

моторот

! не сечете партерни растенија за да спречите

земјата/песокот да ги оштетат сечивата за

косење D

! не оптоварувајте го алатот со сечење дршки

подебели од 14 мм

- оддалечете ја машината од областа за сечење

пред да ја исклучите

! по исклучување на машината, сечивата

продолжуваат да се движат уште неколку

секунди

• Заштитник за врвот на сечивото F 2

- спречува повратен удар на алатот ќе се допрат

цврсти предмети (како столбови на оградата или

ѕидови на куќата)

- ги заштитува сечивата од оштетување

• Поткастрување жива ограда 0

- прво поткастете ја живата ограда од страните (од

долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел

- поткаструвајте ја страната на живата ограда така

што таа да биде делумно потесна горе

- користете рачна пила или макази за кастрење за

да ги отсечете подебелите гранки

• Држење и насочување на алатот

- цврсто држете ја машината со двете раце и

заземете безбеден став

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја !

- водете ја машината пред вас

- секогаш обезбедувајте продолжниот кабел да се

држи од работната површина

- започнете со поткастрување откај приклучокот за

напојување и оддалечувајте се додека работите

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• За поткастрување жива ограда со изедначена

висина

- затегнете конец долж живата ограда на саканата

висина

- поткастрете ја живата ограда токму над конецот

• Препорачано време за сечење/поткастрување

(западна Европа)

- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни

лисја во јуни и октомври

- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во

април и август

- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите

брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до

октомври

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Одржувајте ги алатот, кабелот и сечивата чисти

! пред чистење извадете го алатот од

приклучокот

- чистете ја машината со влажна крпа (не користете

средства за чистење или растворувачи)

- чистете ги отворите за вентилација G 2 редовно,

со четка или компресиран воздух

- по употреба, секогаш внимателно исчистете и

делумно подмачкајте ги сечивата за косење

! носете ракавици кога ракувате или ги чистите

сечивата

Advertising