Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 1840 AD User Manual

Page 121

Advertising
background image

121

- користете го регулаторот за фино прилагодување

E за да ја поставите длабочината за работа уште

попрецизно (0-10 мм)

- со куглата за ограничување на длабочината F,

длабочината за работа може да се зголеми за 5

или 10 мм соодветно

! прилагодете ја одново длабочината за работа

откако ќе ги смените бургиите на фрезата

• Контрола на брзината 7

За оптимални резултати кај различни материјали

- изберете брзина за работа со тркалцето J (исто и

кога алатот работи)

- погледнете ја табела 8 за да ја одредите

вистинската брзина за работа

- пред да почнете со работата, пронајдете ја

оптималната брзина преку тестирање на стариот

материјал

! по подолг период на работа со помала брзина,

мора да го пуштите алатот да се олади, така

што ќе работи околу 3 минути на поголема

брзина, без оптеретување

• Вшмукување прашина 9

- поврзете ја правосмукалката за продолжетокот K

! никогаш не дозволувајте цревото од

правосмукалката да се попречи во работата

на длабење

• Работа со алатот 0

- прилагодете ја длабочината за работа

! секогаш држете го алатот цврсто со двете

раце

! додека работите, секогаш држете го алатот за

местото (местата) кое (кои) се означени со

сива боја

- поставете го алатот на работната површина

- вклучете го алатот со пуштање на прекинувачот L

- заклучете го прекинувачот за континуирана

употреба со притискање на копчето M

! алатот треба да работи со полна брзина пред

бургијата да го допре материјалот за

обработка

- разлабавете ја рачката за заклучување H и полека

потиснете го алатот надолу додека мерачот за

длабочина D не допре до куглата за ограничување

на длабочината F

- затегнете ја рачката за заклучување H

- извршувајте ја постапката за длабење со

рамномерно движење

- користете го алатот со рамно поставена основна

потпора врз работната површина

- генерално правило е да се влече алатот, не треба

да се турка

- отклучете го прекинувачот со повторно

повлекување на прекинувачот L и отпуштање

- кога ќе завршите со работа, разлабавете ја

рачката H, однесете го алатот назад кон горната

почетна позиција

• Прилагодување на држачите за работа !

- отклучете ги двата држачи со лизгање на

регулаторите N кон надвор и држете ги додека ги

вртите држачите на саканата позиција

- пуштете ги двата регулатори N да легнат на

местото (4 можни позиции)

• Правилно водење @

- имајте предвид дека бургијата на фрезата се врти

во правецот на стрелките на часовникот

- водете го алатот така што бургијата ќе навлегува

во материјалот за обработка, не треба да излегува

од него

• Поставување на плочата за адаптерот P (за

копирање со урнек) #

• Поставување на паралелното наведување Q $

- вметнете ги лостовите за паралелно наведување

V низ отворите во основната потпора R

- лизнете ја паралелната водилка до саканата

широчина и затегнете ја со двата регулатора W

• Употреба на паралелната водилка како циркуларна

водилка %

! прво свртете ја паралелната водилка

- затегнете ја иглата X со навртката со крилца Y

како што е посочено

- вметнете ги лостовите V во основната потпора R

- боцнете ја иглата X во обележаниот центар на

циркуларниот лак

- затегнете ја паралелната водилка со 2 регулатора

W

- водете го алатот со рамномерна стапка низ

материјалот за обработка

• Употреба на паралелната водилка со амортизерот за

кривини Z ^

- поставете го амортизерот за кривини Z (со

поставен ролер за наведување) како што е

прикажано

- водете го алтот долж работ на материјалот за

обработка со лесен страничен притисок

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• За пресеци паралелни со страната на материјалот за

обработка се користи паралелната водилка

• За правење паралелни пресеци коишто се подалеку

од работ на материјалот за обработка 0

- затегнете право парче дрво на материјалот за

обработка со 2 стеги

- водете го алатот со основната потпора долж

работ којшто сега има функција на паралелна

водилка

• При употреба на бургии со пилот или со топче,

пилотот или топчето треба да лизгаат долж работ на

материјалот за обработка кој пак треба да биде

совршено рамен &

• За поголеми длабочини на работа, се препорачува да

се извршат неколку последователни длабења со

помали стапки на отстранување

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење S 2)

• Подмачкувајте ги лизгачките лостови T 2 од време

навреме

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични

алати

Advertising