Skil 5740 CA User Manual

Page 149

Advertising
background image

149

движи или доаѓа до повратен удар. Испитувајте и

превземете определени акции за исправање, за да

ги елеминирате причините за удар на сечилото.

Избегнувајте сечење на клинци и штрафови.

c) Кога повторно ќе ја стартувате пилата која се

наоѓа на местото каде работите, центрирајте ја

пилата во засекот и осигурајте се запците на

пилата да не влегуваат во материјалот. Доколку

сечилото удира, може да дојде до отскокнување од

местото каде се работи, или до повратен удар, кога

пилата повторно се вклучува.

d) Под големите плочи ставете потпора за да го

намалите ризикот од пробивање на сечилото и

повратен удар. Големите плочи имаат тенденција

да се виткаат под сопствената тежина. Потпората

мора да се стави под плочата, од двете страни, близу

до линијата на сечењето и близу работ на плочата.

e) Не користете тапо или оштетено сечило.

Ненаоштрени или неправилно поставени сечила

може да доведат до тесен засек и да предизвикаат

прекумерно триење, удирање на сечилото или

повратен удар.

f) Рачките за заклучување на длабочината на

сечењето и подесување на косината мора да

бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на

сечењето. Доколку подесувањето за сечивото се

промени за време на сечењето, може да дојде до

удирање и до повратен удар.

g) Обрнете особено внимание кога сечете со

пилата во постојни ѕидови или други слепи

области. Сечилото што произлегува може да

пресече објекти коишто предизвикуваат повратен

удар.

3) ФУНКЦИЈА НА ДОЛНИОТ ЗАШТИТНИК

a) Пред секое користење, проверете дали долниот

заштитен механизам е правилно затворен. Не

започнувајте со работа со пилата ако долниот

заштитен дел не се движи слободно и не се

затвора во моментот. Никогаш не ставајте спона

или не поврзувајте го долниот заштитен

механизам во отворена положба. Доколку пилата

ја испуштите случајно, долниот заштитен механизам

мора да се свитка. Подигнете го долниот заштитен

механизам со рачката за вовлекување и проверете

дали слободно се движи и не го допира сечилото или

било кој дел, под сите агли и во сите длабини на

сечење.

b) Проверете ја пружината на долниот, заштитен

механизам. Доколку заштитниот механизам и

пружината не функционираат правилно, мора да

се сервисираат пред користење. Долниот

заштитен механизам можеби ќе функционира споро

заради оштетените делови, талогот од гума или

зголемувањето на скршени парчиња.

c) Долниот заштитен механизам треба рачно да се

вовлече само за посебни врсти на сечење, на

пример за длабинско и сложено сечење.

Подигнете го долниот заштитен механизам со

повлекување на рачката, и штом сечилото ќе го

допре материјалот, долниот заштитен

механизам мора да се опушти. За сите останати

видови сечење долните заштитни механизми

автоматски се придвижуваат.

d) Секогаш проверете дали долниот заштитен

механизам го покрива сечилото пред да ја

спуштите пилата на клупата или подот.

Незаштитено сечило кое ротира може да предизвика

пилата да се движи назад и да сече се што ќе и се

најде на патот. Обратете внимание на времето кое е

потребно сечилото да се сопре, по исклучување на

прекинувачот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години

• Овој алат не е подесен за сечење во присуство на

влага

• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја

пред да вршите било какво подесување или

замена на приборот

• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;

замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице

Не обработувајте никаков материјал кој содржи

азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)

• Прашината од материјали како боја која содржи

олово, некои видови дрво, минерали и метали, може

да биде штетна за здравјето (контактот со

прашината или нејзиното вдишување може да

шредизвика алергии и/или болести на дишните

органи за оној кој работи со алатот или луѓето во

близина); носете маска за прашина и работете со

правосмукалки доколку можете да ги поврзете

• Некои видови на прашина се канцерогени (како на

пример прашината од даб или бука), особено заедно

со адитиви за одржување на дрвото; носете маска

за прашина и работете со правосмукалки

доколку можете да ги поврзете

• Следете ги процедурите на вашата земја за

прашината која се јавува како резултат од

материјалите со кои работите

• Користете само работна маса која е опремена со

прекинувач кој спречува повторено вртење на

моторо по прекинот на напонот

• Користете само работна маса која е опремена со

водилка за сечење

ПРИБОР

• SKIL може да признае гаранција само доколку е

користен оригинален прибор

• Користете само прибор чија дозволена брзина е во

најмала рака еднаква на најголемата брзина при

празен од на електричниот алат

• Користете ги само сечивата за пили со дијаметар на

отворот којшто се вклопува на ободот на алатот без

да се мрда

• Внимавајте на следново кога користите сечиво за

пила со вклучен прстен за ограничување

(дополнителна опрема на SKIL 2610399267)

! користете само прстен за ограничување

поставен во сечивото за пилата

- секогаш проверете дали прстенот за

ограничување е стабилно поставен пред да го

поставите сечивото за пилата

- употребата на други разлабавени прстени за

ограничување (коишто не се произведени

Advertising