Користење на samsung smart control, Избирање на видео извор, Впарување samsung smart control – Samsung UE65HU8500L User Manual

Page 280: Повторно поврзување на samsung smart control, Копче, Tools

Advertising
background image

Македонски - 16

Користење на Samsung Smart Control

Samsung Smart Control овозможува поедноставно и попрактично користење на телевизорот. Со притиснување на копчето
KEYPAD

се прикажува виртуелен далечински управувач кој овозможува лесно внесување на цифри, контролирање на содржини

и активирање на функции на екранот.

- Ви препорачуваме да користите Samsung Smart Control на растојание помало од 6m. Растојанието до кое може да се

користи уредот може да се разликува во зависност од условите во безжичното опкружување.

Впарување Samsung Smart Control

За да го контролирате телевизорот со Samsung Smart Control, треба да го впарите Samsung Smart Control со телевизорот преку
Bluetooth. Впарете го Samsung Smart Control со телевизорот.

- Samsung Smart Control може да се впари само со еден телевизор.

Насочете го Samsung Smart Control кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го копчето TV за да го
вклучите телевизорот.

- Положбата на приемникот за далечинскиот управувач е различна во зависност од моделот.

Повторно поврзување на Samsung Smart Control

Ако Samsung Smart Control престане да функционира или започне да работи неправилно, заменете ги батериите бидејќи сето
тоа може да биде предизвикано поради недоволна енергија во батеријата.
Ако проблемот не се отстрани, обновете го впарувањето на Samsung Smart Control со телевизорот.

Избирање на видео извор

Со копчето SOURCE можете да изберете поврзан
надворешен уред.
На пример, за да преминете на конзолата за игри која е
поврзана на вториот HDMI приклучок, притиснете SOURCE.
Од листата на функцијата Извор изберете HDMI2 за да го
промените влезниот сигнал во HDMI режим. Имињата на
приклучоците може да бидат различни во зависност од
производот.
На екранот на функцијата Извор се достапни следните опции

TOOLS

Копче

Изберете приклучок на кој е поврзан надворешен уред, а
потоа притиснете и задржете го копчето Внеси. Достапни се
следните функции:

- Опциите што се достапни за секој приклучок можат да

бидат различни.

Уреди име

Овозможува промена на името на уредите поврзани на
телевизорот, за полесно препознавање на надворешните
извори.
На пример, можете да означите компјутер кој е поврзан со
телевизорот преку HDMI-DVI кабел како DVI PC.

Или, пак, означете компјутер кој е поврзан со телевизорот
преку HDMI кабел како PC.
Исто така, можете да означите AV уред кој е поврзан со
телевизорот преку HDMI-DVI кабел како DVI уреди.

Информации

Погледнете детални информации за поврзаните уреди.

Anynet+ (HDMI-CEC)

Овозможува прикажување на список со уреди кои
поддржуваат Anynet+ (HDMI-CEC) и се поврзани на
телевизорот.

- Оваа опција е достапна само кога функцијата Anynet+

(HDMI-CEC)

е поставена на Вкл.

Отстрани USB

Се користи за безбедно отстранување на USB уред кој е
поврзан на телевизорот. Оваа опција е достапна само ако
USB уредот бил избран претходно.

[HU8500-XH]BN68-06777E-00L16.indb 16

2014-08-07 1:46:56

Advertising
This manual is related to the following products: