Решавање на проблеми – Samsung UE65HU8500L User Manual

Page 285

Advertising
background image

Македонски - 21

Македонски

Решавање на проблеми

Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја листата за решавање на проблеми подолу. Ако не можете да
примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.com” и кликнете на
Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.

Проблеми

Решенија и објаснувања

Телевизорот не може да се
вклучи.

Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и
телевизорот.

Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.

Обидете се да го притиснете копчето

P на телевизорот за да проверите дали

далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи,
погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира.” подолу.

Нема слика/видео сигнал.

Проверете ги поврзувањата на каблите. Исклучете ги и повторно приклучете ги сите
кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди.

Поставете ги излезите на вашите надворешни уреди (кабелски/сателитски приемник,
DVD, Blu-ray итн.) да одговараат на поврзувањата на влезовите на телевизорот. На
пример, ако излезниот приклучок на надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде
поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.

Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.

Рестартирајте го поврзаниот уред така што ќе го исклучите од напојување, а потоа
повторно ќе го вклучите кабелот за напојување на уредот.

Далечинскиот управувач не
функционира.

Заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали поларитетите (+/–)
на батеријата се поставени во точната насока.

Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.

Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на
оддалеченост од 1,5 - 1,8 m.

Далечинскиот управувач на
кабелскиот/set top box приемник
не го вклучува или исклучува
телевизорот и не ја прилагодува
јачината на звукот.

Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/сателитскиот приемник да
функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/
Set-Top-Box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

- Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, можно е да

се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

- Ако сакате вашиот телевизор да функционира оптимално, мадградете го со најновиот фирмвер од веб-сајтот на Samsung

преку USB уред (Samsung.com > Поддршка > Преземања).

- Некои од сликите и функциите погоре се достапни само кај одредени модели.

[HU8500-XH]BN68-06777E-00L16.indb 21

2014-08-07 1:46:57

Advertising
This manual is related to the following products: