Electrolux EFA90600X User Manual

Page 64

Advertising
background image

64

Брзина (моќност) на всмукување 1: на дисплејот се појавува
бројот "1"

Брзина (моќност) на всмукување 2: на дисплејот се појавува
бројот "2"

Брзина (моќност) на всмукување 3: на дисплејот се појавува
бројот "3"

Брзина (моќност) на максимално всмукување: на дисплејот се
појавува бројот "4" (трепкајќи)

Брзината (моќноста) на максимално всмукување се ативира за
ограничено време (околу 5 минути) по што аспираторот
автоматски се позиционира на брзината (моќноста) на
всмукување 2.

За деактивирање на брзината (моќноста) на максимално
всмукување пред време:

притиснете го копчето 2 - аспираторот се позиционира на
брзината (моќноста) на всмукување 2.

или копчето 1: аспираторот се исклучува.

3.

Копче за вклучување/исклучување на светлото

4.

Сензор за вклучување/исклучување (ON/OFF)

5.

Дисплеј


Тајмер
Оваа функција ви овозможува да ја темпирате одбраната брзина
(моќност) на всмукување а се активира со притискање на копчето 2
околу 3 секунди а потоа по изминатото време аспираторот се
исклучува.
Тајмерот Ви стои на располагање со следните поставки:

Брзина (моќност) на всмукување 1: - 20 минути (на екранот се
појавува бројот "1" и свети една мала LED светилка)

Брзина (моќност) на всмукување 2: - 15 минути (на екранот се
појавува бројот "2" и свети една мала LED светилка)

Брзина (моќност) на всмукување 3: - 10 минути (на екранот се
појавува бројот "3" и свети една мала LED светилка)

Брзина (моќност) на интензивно всмукување: - 5 минути (на
екранот се појавува бројот "4" и свети една мала LED светилка)

За да излезете од режимот со темпирање, притиснете го копчето 1 за
да го исклучите аспираторот предвреме; притиснете го копчето 2 за да
се вратите на претходната брзина и на претходните поставки,
притиснете го копчето 4 за да го активирате режимот Сензор.

Индикатор за заситеност на филтерот за масти
По 80 часа функционирање, на дисплејот започнува да светка бројот
"1".
За ресетирање на индикаторот на заситеност, притиснете го и држете
го копчето 1 околу 3 секунди.
Извршете го одржувањето на филтерот за масти како што е прикажано
во ова упатство.

Индикатор за заситеност на филтерот на јаглен
По 320 часа функционирање, на дисплејот започнува да светка бројот
"2".
За ресетирање на индикаторот на заситеност, притиснете го и држете
го копчето 1 околу 3 секунди.
Извршете го одржувањето на филтерот на јаглен како што е прикажано
во ова упатство.

Во случај ако двата индикатори за заситеност на филтрите започнат да
светкаат, извршете ресетирање двапати.
Првиот пат се ресетира индикаторот за заситеност на филтерот за
масти, вториот пат се ресетира индикаторот за заситеност на филтерот
на јаглен.

Индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен вообичаено не е
активен а ако аспираторот се користи во филтрирачката верзија тогаш
треба да се активира првиот пат рачно.

Активирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3
околу 3 секунди.
На дисплејот светкаат околу 2 секунди броевите "1" и "2" за да го
прикажат активирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на
јаглен.


Дективирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3
околу 3 секунди.
На дисплејот светка околу 2 секунди само бројот "1" за да го прикаже
деактивирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен.

Автоматско функционирање:
Аспираторот е поставен за традиционално функционирање, за да го
активирате автоматското функционирање притиснете го копчето 4.
Автоматското функционирање предвидува два различни режими на
работа.
Режимот COOKING (Готвење) кој гарантира правилно всмукување за
време на готвењето.
Режимот AIR QUALITY CONTROL (Контрола на квалитетот на воздухот)
кој гарантира зголемено ниво на квалитет на воздухот.
Двата режими се активираат циклично со притискање на копчето 4.
Режим COOKING (Готвење), на екранот се појавува буквата "C":
За време на готвењето системот реагира веднаш на зголемувањето на
пареа/гас и останува во воспоставената брзина најмалку 1 минута, пред
да се врати во најниската брзина/да се изгасне.
Кога готвењето ќе заврши и просторните параметри ќе се вратат на
претходните нивоа на готвење, системот се исклучува.
Ако параметрите се близу до состојбата на мирување, системот по 30
минути присилно го исклучува аспираторот.
Режим AIR QUALITY CONTROL (Контрола на квалитет на воздух), на
екранот се појавува буквата "A":

Системот реагира веднаш на зголемувањето на пареа/гас и останува во
воспоставената брзина најмалку 1 минута, пред да се врати во
најниската брзина/да се изгасне.
Кога ќе престане ефектот на пареа/гас и просторните параметри ќе се
вратат на претходните нивоа при стартот, системот се исклучува.
Може да се излезе од режимот со притискање на копчињата 1, 2 и 4.
Тест сензори
Се врши континуирано за време на автоматското функционирање. Во
случај на дефект на екранот свети бројот "8" (повикајте сервисер) но
сепак аспираторот може да се користи во мануелен режим на работа.
Рачна калибрација
Исклучете го аспираторот (OFF) и држете ги истовремено притиснато
копчињата 1 и 4 околу 3 секунди.
На екранот засветува една точкичка.
Ова се препорачува:
кога аспираторот се монтира за прв пат
кога се исклучува струјата повеќе часови или денови
кога се утврдува многу брза промена на температурата во кујната
Одбирање на плочата за готвење
Оваа операција го подобрува автоматското функционирање на
аспираторот, како што следи:
Исклучете го аспираторот
Држете ги истовремено притиснати копчињата 1 и 3 околу 3 секунди се
додека не се види плочата за готвење која е во употреба.
Свети буквата "g": Плоча на гас
Свети буквата "i": Плоча со индукција
Свети буквата "e": Електрична плоча
Цикличното одбирање на плочата се прави со притискање на копчето 1
Прифаќањето на одбраната плоча се гледа со 3 засветнувања на
буквата за која се однесува одбраната плоча.
Еднаш штом ќе се одбере плочата, за да се прифати функцијата,
почекајте 10 секунди.
Стандардно поставената плоча е плочата за готвење на гас.

Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција
со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од
внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа
навлажнета со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ!

Advertising