Philips LivingColors Aplique negro User Manual

Page 116

Advertising
background image

116

o Би сакал да ја поврзам LivingColors

лампата на тајмер. Дали ова е можно?

o Да. Можете да ги користите Philips

LivingColors лампите со тајмер (не е

вклучен). Кога ќе бидат вклучени со

тајмер, LivingColors лампите ќе го добијат

последното поставување (непроменлива

боја или режим на автоматско менување

на боите). Внимавајте последното

поставување да не биде “исклучено”.

o Не можам да поврзам дополнителни

лампи со далечинскиот управувач од

LivingColors

o Проверете дали производот кој се

обидувате да го поврзете е означен со

логото на SmartLink. Само производи со

SmartLink лого можат да се поврзуваат со

овој далечински управувач.

o Обидете се повторно да ја извршите

постапката опишана во делот 3 од ова

упатство. Обрнете внимание да ги чуете

звуците и да ги видите засветувањата како

што е тука опишано.

o Моето прашање не е наведено тука

o Ве молиме обратете се до Philips за помош

(погледнете го делот 5 “Дополнителна

поддршка”).

5. Дополнителна поддршка

За повеќе информации и во случај на проблем, ве

молиме посетете ја веб-страницата на Philips на

www.philips.com

или бесплатно обратете се до

Philips Lighting контакт центарот: 00800-PHILIPSL

или 00800-74454775

Гаранција:

Двегодишната гаранцијата од Philips е важечка

доколку производот се употребува во

согласност со инструкциите за неговата примена.

Рекламациите ќе бидат прифатени со поднесување

на оригинален доказ за купување (фактура, сметка

или испратница) на кој се наведени датумот

на купување, името на продавачот и описот на

производот.

Гаранцијата на Philips престанува со важност:

- При каква било промена, прецртување,

бришење или нечитливост на документот за

купување или описот на производот.

- Дефекти предизвикани од оштетување,

неисправни приклучоци или неправилно

користење.

- Доколку е предизвикан дефект при екстремни

околности во однос на LivingColors како удар

на гром, поплава, пожар, несоодветна употреба

или несовесност.

- Доколку LivingColors светилката е отварана

или расклопувана.

Чистење и одржување:

Извадете го приклучокот од штекерот.

За да избегнете гребење, LivingColors светилката,

далечинскиот управувач и адаптерот треба да се

чистат единствено со мека сува ткаенина.

Не употребувајте средства за чистење.

Безбедносни инструкции:

- Чувајте ги приклучокот и LivingColors

производот подалеку од течности и влага.

- LivingColors производот е наменет само за

внатрешна употреба. Не користете го на

влажни места, на пр. бањи или на отворено.

- LivingColors не претставува играчка со која би

можеле да си играат децата.

- Не поставувајте го на жешки површини

- Заради безбедносни причини и според

условите од гаранцијата, LivingColors и

приклучокот не смеат да се отвараат.

- Користете го единствено испорачаниот

адаптер: употребата на различен адаптер може

да го оштети вашиот LivingColors.

Животна средина:

На крајот од работниот век отстранувањето на

уредот направете го во согласност со упатствата

на локалните власти. Извадете ги батериите

доколку сакате да го фрлите далечинскиот

управувач. Немојте да ги фрлате батериите со

нормалниот отпад од домаќинствата. Тие мора да

бидат однесени на јавно место за собирање или

кај застапник на Philips, по што батериите ќе бидат

отстранети на начин кој не е штетен за животната

средина.

Спецификации за приклучокот:
AC адаптер
Модел:
EADP-10EB C (тип за ЕУ)

EADP-10EB D (тип за Обединетото

Кралство + Сингапур)

EADP-10EB E (тип за Австралија)

Влез:

220 - 240V ~ 0,3A 50 Hz

Излез: 18,5V

0,83 A

Потрошувачка на енергија на светилката: до 15,4 W

Далечински управувач:

Батерии: 3 x Philips Powerlife Alkaline AAA LR03, 1,5

V.

Безжични спецификации:

Фреквентен појас на безжичен RF режим:

2405~2475 MHz

Advertising