Употреба – Skil 8003 CA User Manual

Page 129

Advertising
background image

129

вообичаени за овој алат можат да доведат до

опасност

• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години

• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи

и деца) со намалени физички, сензорски или

ментални способности или со помало искуство и

знаење, и доколку лицето задолжено за нивна

безбедност не им даде соодветна помош и упатство

за за тоа како да се користи алатот

• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е

назначен на плочката на алатот

• Проверете дали алатот е исклучен кога го

приклучувате во приклучокот

ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА:

• Внимателно ракувајте со алатот; спречете пожар

и изгоретини

- не допирајте го отворот/млазникот за воздух и

загреаниот предмет; стануваат многу топли

- не доближувајте го премногу отворот/млазникот

до предметот врз кој работите

- не насочувајте го млазот со топол воздух предолго

на иста површина

- не гледајте никогаш во отворот/млазникот за

воздух

- носете заштитни ракавици и заштитни очила

- не насочувајте го млазот на топол воздух кон

други лица или животни

- не користете го алатот за сушење коса

- не оставајте го алатот без контрола

- не користете го алатот во близина на запалливи

гасови или запалливи материјали (постои ризик

од експлозија)

- кога работите со пластика, бои, лакови или слични

материи, може да дојде до создавање запалливи

и отровни гасови; информирајте се претходно за

материјалите со кои ќе работите

- имајте предвид и дека топлината може да се

прошири и до запалливите материи што се

наоѓаат надвор од вашиот домен

- од безбедносни причини, секогаш покрај себе

држете кофа со вода или апарат за гаснење

пожар во случај некоја од материите да се запали

• Спречете струен удар

- никогаш ништо не внесувајте во отворот/

млазникот за воздух

- избегнувајте контакт на телото со заземјени

површини (на пр. цевки, шпорети, синџири,

ладилници)

- осигурајте се алатот да не се навлажни

- не го користете алатот во влажни места

- доколку алатот го користите надвор, поврзете го

преку сигурносен прекинувач за струја заземјен

со струја на исклучување од накмногу 30mA и

користете продолжен кабел наменет за

надворешна употреба и опремен со водоотпорен

приклучок за контакт

• Ракувајте внимателно со кабелот

- кабелот секогаш мора да биде одалечен од

млазот на топол воздух и од отворот/млазникот за

воздух

- држете го кабелот понастрана од топлина, масло

и остри рабови

- не го носете алатот држејќи го за кабелот и не го

тргајте за да го искличите од приклучокот

- не го закачувајте алатот за кабелот

• Алатот никогаш не го користете во комбинација со

хемиски растворувачи

• Работниот простор мора соодветно да биде

проветрен

• Одржувајте го работниот простор чист и добри

осветлен

• Не им дозволувајте на пристап до работниот простор

на деца

• Водете сметка децата да не си играат со алатот

• Налети на струја доведуваат до кратктотрајни

падови на напопнот; под неповолни услови на

напојување може да биде оштетена другата опрема

(доколку имоенданцијата на напојување со

електрична енергија е помала од 0,127 + j0,079 ома,

не постои можност да дојде до нарушувања);

доколку ви е потребно дополнително објаснување,

можете да се обратите до локалната служба за

снабдување со електрична енергија

• Бидете внимателни; водете сметка за тоа што

работите, бидете разумни и не ракувајте со алтот

доколку сте уморни

• Заземете безбедно растојание; не се истегајте,

особено на скали или постоља

• Проверете дали алатот е исклучен пред да го оставите

• Во случај да дојде до електричен или механички

дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од

приклучокот

ПО УПОТРЕБА:

• Исклучете го алатот и извлечете го од приклучокот

• Оставете го алатот најмалку 30 минути да се

олади пред да го вратите на место

• Закачете го алатот за алката D 2 или поставете го

на задната страна во исправна положба; притоа

проверете во близина да не се наоѓаат некои

запалливи Мтеријали или запалливи гасови

• Никогаш не чувајте го/оставајте алатот надвор

• Чувајте го алатот на суво и заклучено место, надвор

од дофатот на деца

УПОТРЕБА

• Прекинувач за вклучување/исклучување со 3

подесувања за температура 4

! проверете дали е прекинувачот A во позиција

“0” пред приклучувањето

- вклучете го алатот со ставање на прекинувачот A

во саканата позиција:

1 = 50°С, млазот воздух 250 литри во минута

2 = 400°С , млазот воздух 250 литри во минута

3 = 570°С , млазот воздух 500 литри во минута

- при користење на алатот прв пат, може да дојде до

чад; ова е нормална појава и набргу ќе престане

- исклучете го алатот со ставање на прекинувачот A

во позицијата “0”

• Општа употреба

- подесете ја вистинската температура на тој начин

што ќе направите тест на невидливиот дел на

работната површина; почнете со подесување на

најниската температура

Advertising