LG 24LB457B User Manual

Page 341

Advertising
background image

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

4

М

М

МАКЕДОНСКИ

y

Превиткајте го кабелот на антената помеѓу внатрешниот и надворешниот дел

од зградата за да се спречи протекување на дождот во кабелот.

Тоа би можело да предизвика оштетување заради водата во производот и

електричен удар.

y

При поставување на телевизорот на ѕид, внимавајте на неговата задна страна

да не се протегаат каблите за напојување и сигнал.

Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.

y

Не приклучувајте премногу електрични уреди на единечен електричен штекер

со повеќе приклучоци.

Во спротивно, би можело да дојде до пожар заради прегревање.

y

Не испуштајте го производот и не дозволувајте да падне при поврзување на

надворешни уреди.

Во спротивно, би можело да дојде до повреда или оштетување на производот.

y

Материјалите отпорни на влага или најлонските обвивки за пакување чувајте

ги надвор од дофат на деца.

Материјалот отпорен на влага е штетен доколку се проголта. Ако случајно се

проголта, натерајте го лицето да поврати и посетете ја најблиската болница.

Покрај тоа, најлонските обвивки може да предизвикаат гушење. Чувајте ги

надвор од дофат на деца.

y

Не дозволувајте деца да се качуваат или да се држат со својата тежина на

телевизорот.

Во спротивно, телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди.

y

Внимавајте кога ги фрлате истрошените батерии за да спречите дете да ги

стави во уста.

Во случај да ги проголта, веднаш однесете го на лекар.

y

Не вметнувајте проводник (како што се метални прачки) на едната страна

од струјниот кабел додека неговата друга страна е поврзана на влезниот

приклучок на ѕидот. Покрај тоа, не допирајте го струјниот кабел веднаш по

неговото приклучување на влезниот приклучок на ѕидот.

Може да ве удри струја.

(Во зависност од моделот)

y

Немојте да ставате или чувате запаливи супстанци во близина на производот.

Постои опасност од експлозија или пожар како резултат на невнимателно

ракување со запаливи супстанци.

y

Не испуштајте метални објекти како што се метални парички, шноли, или жица

во производот, или запаливи објекти како што се хартија и чкорчиња од кибрит.

Децата треба особено да внимаваат.

Може да дојде до струен удар, пожар или повреда. Доколку надворешен

предмет се испушти во производот, исклучете го струјниот кабел и

контактирајте со сервисниот центар.

y

Не прскајте вода на производот и не чистете го со запаливи материи

(разредувач или бензол). Може да дојде до пожар или незгода од струен удар.

Advertising
This manual is related to the following products: