Eng македонски – LG 47LM960V User Manual

Page 410

Advertising
background image

8

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

ВНИМАНИЕ

y

y

Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање на
телевизорот подолго време, бидејќи отворите за вентилација можат да станат
жешки. Ова не влијае врз функционирањето или перформансите на производот.

y

y

Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку забележите оштетување или
неисправност, исклучете го и прекинете со употребата на уредот додека не се замени
неисправниот дел од кабелот од страна на овластен сервисер.

y

y

Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив
или пенкало, и не гребете го.

y

y

Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување, како извиткување,
всукување, приклештување, притиснување со врата, или нагазување. Особено
внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде кабелот излегува од уредот.

y

y

Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот кабел или
штекерот.
Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.

y

y

Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него
подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти на
изобличување на екранот.

y

y

Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на
напојување иако можеби вие сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ.

y

y

При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот
за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примена на
прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата.
Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не
користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање
сјај за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го
оштетат производот и неговиот панел.
Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на
производот (деформација, корозија или кршење).

y

y

При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина
работете по двајца.
Во спротивно, може да дојде до повреда.

y

y

При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите

напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и

сите кабли за поврзување.

Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да предизвикаат

пожар или електричен удар.

y

y

При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете.
Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар.

Advertising
This manual is related to the following products: