Eng македонски – LG 47LM960V User Manual

Page 413

Advertising
background image

11

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Гледање и возраст

y

y

Бебиња/деца

Користењето/гледањето 3D содржини кај деца на возраст под 5 години е забрането.
Деца под 10-годишна возраст може да реагираат бурно и да се возбудат премногу бидејки
нивната визија е во развој (на пр.: да се обидуваат да го допрат екранот или да скокнат во него.
Потребно е специјално надгледување и внимание за деца кои гледаат 3D содржини.
Децата имаат поголема бинокуларна несразмерност за 3D презентации отколку возрасните
бидејќи растојанието помеѓу очите им е помало од она кај возрасните. Затоа тие гледаат
поголема стереоскопска длабочина во споредба со возрасните за истата 3D слика..

y

y

Тинејџери

Тинејџерите под 19-годишна возраст може да реагираат со поголема чувствителност заради
стимулацијата од светлината на 3D содржините. Советувајте ги да не гледаат 3D содржини
подолго време кога се уморни.

y

y

Постари лица

Постарите лица може да забележат помалку 3D ефекти во споредба со младите. Не седете
поблиску до телевизорот од препорачаното растојание.

Мерки на претпазливост при користење на 3D очила

y

y

Обрнете внимание да користите LG 3D очила. Во спротивно, може да да не бидете во можност
да гледате 3D видео правилно.

y

y

Не користете ги 3D очилата наместо вашите нормални очила, очилата за сонце или заштитните
очила.

y

y

Користењето на модификувани 3D очила може да предизвика замор на очите или
изобличување на сликата.

y

y

Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски температури. Тоа ќе предизвика
деформации.

y

y

3D очилата се кршливи и лесно може да се изгребат. При бришење на леќите секогаш
користете мека и чиста крпа. Немојте да ги гребете леќите на 3D очилата со остри предмети
или да ги чистите/бришете со хемикалии.

Условите за гледање

y

y

Растојание на гледање

При гледање 3D содржини одржувајте растојание кое е барем двапати поголемо од
дијагоналата на екранот. Ако почувствувате непријатност при гледање 3D содржини,
преместете се подалеку од телевизорот.

ВНИМАНИЕ

Advertising
This manual is related to the following products: