Samsung SM-R350 User Manual

Page 359

Advertising
background image

Македонски

358

Обезбедете максимален век на траење на батеријата и полначот
• Избегнувајте полнење на батеријата подолго од една седмица

бидејќи прекумерното полнење може да го скрати работниот век на

батеријата.

• По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата

и мора да се наполни пред употреба.

• Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во

употреба.

• Користете ја батеријата само за нејзината намена.
• Ако ги оставите батериите без да се користат подолго време, може да

дојде до намалување на нивниот работен век и нивните перформанси.

Исто така, тоа може да предизвика батериите да функционираат

неправилно или да експлодираат, или пак да предизвикаат пожар.

• Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате

најдолг работен век на Вашиот уред и батеријата. Штетите или

слабите перформанси предизвикани од неправилно следење на

предупредувањата и инструкциите, може да ја направи неважечка

Вашата гаранција.

• Вашиот уред може да се истроши со текот на времето. Некои делови

и поправки се покриени со гаранцијата во период на важноста, но

штетите или намалувањето на квалитетот предизвикани од користење

неодобрена дополнителна опрема не се.

Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред
• Какви било промени или изменувања може ја поништат гаранцијата

на производителот. Ако Вашиот уред треба да се сервисира, однесете

го во Сервисниот центар на Samsung.

• Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да

предизвика експлозија или пожар.

• Исклучете го уредот пред да ја извадите батеријата. Ако ја извадите

батеријата додека уредот е вклучен, може да дојде до неправилно

функционирање на уредот.

Advertising