Штетен софтвер и вируси – Samsung SM-R350 User Manual

Page 361

Advertising
background image

Македонски

360

• Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или

сомнителна употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба

на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги

избрише или промени Вашите податоци за сметката.

• Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги

лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци.

• Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и

заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.

Не распространувајте материјали со заштитени авторски права
Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без

дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа, може да ги

прекршите законите за авторски права. Производителот не е одговорен

за какви било правни прашања предизвикани од илегалната употреба на

материјали со заштитени авторски права.

Штетен софтвер и вируси

За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер и вируси,

следете ги овие совети за користење. Во спротивно може да дојде

до оштетување или загуба на податоци што може да не е покриено

со гаранцијата
• Не преземајте непознати апликации.
• Не посетувајте недоверливи интернет-страници.
• Избришете ги сомнителните пораки или пораките од е-поштата од

непознати испраќачи.

• Поставете лозинка и менувајте ја редовно.
• Деактивирајте ги безжичните одлики, како што е Bluetooth, кога не

се во употреба.

• Ако уредот функционира абнормално, скенирајте го за инфекции со

антивирусна програма.

• Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна програма пред да

стартувате новопреземени апликации и фајлови.

• Инсталирајте антивирусни програми на Вашиот компјутер и редовно

скенирајте со нив за проверка од инфекции.

• Немојте да го изменувате регистарот или да го модифицирате

оперативниот систем на уредот.

Advertising