Внимание – Samsung GT-I9300I User Manual

Page 437

Advertising
background image

Македонски

436

Внимание

Доколку не се придржувате до безбедносните

предупредувања и прописи, може да настанат

повреди или оштетување на имотот

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
• Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали.

Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите

електронски уреди.

• Користењето податочна врска LTE може да предизвика пречки со

другите уреди, како што се аудио-опрема и телефони.

Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска

опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радио-

фреквенција
• Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од

15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во

работата на пејсмејкерот.

• За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете

го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од

пејсмејкерот.

• Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го

производителот на опремата пред да го користите уредот за

одредување дали опремата ќе биде под влијание на радио-

фреквенцијата емитувана од уредот.

• Во авион, користењето електронски уреди може да создаде пречки

во електронските навигациски инструменти на авионот. Осигурете

се уредот да е исклучен за време на полетување и слетување. По

полетување, можете да го користите уредот во режим за летало ако

тоа е дозволено од страна на екипажот.

• Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат

неправилно заради радио-пречки од Вашиот уред. Контактирајте го

производителот за повеќе информации.

Advertising