Skil 0780 RT User Manual

Page 188

Advertising
background image

188

примената на електричниот алат, ја намалува

опасноста од повреда.

c) Избегнувајте невнимателно вклучување за

време на работата. Осигурајте се прекинувачот

да биде во “OFF” позиција пред да го ставите

штекерот во приклучокот. Доколку го носите

електричниот алат со прстот на прекинувачот или го

приклучувате апаратот кој е приклучен со

напојување на струја, може да предизвикате

незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите

за подесување или клучот за навртување. Алатот

или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот,

може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности.

Завземете сигурен и стабилен став и во секој

момент одржувајте рамнотежа. На тој начин

можете подобро да го контролирате уредот во

неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка

облека или накит. Косата, облеката и

ракавиците држете ги подалеку од деловите кои

се движат. Комотната облека, накитот или долгата

коса може да бидат фатени во деловите кои се

движат.

g) Доколку може да се монтираат направи за

вшмукување и фаќање прашина, проверете дали

се вклучени и дали можат исправно да се

користат. Примената на овие направи ја намалува

опасноста од прашината.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата

работа користете го предвидениот електричен

алат за таа употреба. Со соодветниот електричен

алат ќе работите подобро и посигурно во наведената

функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е

неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може

да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се

поправи.

c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред

извршување на било какви подесувања на

апаратот, замена на приборот или складирање.

Со овие мерки на внимателност ќе се избегне

невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите

од допирот на децата. Не допуштајте работа со

уредот на лица кои не се запознаени со него или

кои го немаат прочитано ова упатство.

Електричните алати се опасни доколку со нив

работат неискусни лица.

e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте

контрола околу тоа дали движечките делови на

уредот работат беспрекорно и дали не се

заглавени, дали деловите се скршени или

оштетени до таа мерка што не може да се

обезбеди функционирање на уредот. Пред

примената, овие оштетени делови треба да се

поправат. Причина за многу незгоди е лошо

одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри

очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата

ќе биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,

треба да ги користите според овие упатства, и на

начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.

При тоа, земете ги предвид работните услови и

работата која се извршува. Употребата на

електричните алати за други цели кои не се

предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

5) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја

само на обучен, стручен кадар на овластен

сервисер, и само со оригиналните резервни

делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да

остане со зачувана безбедност.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА

МОТОРНАТА ПИЛА

Децата и младите, со исклучок на ученици

постари од 16 години кога се под надзор, не

смеат да работат со пилата. Истото се однесува

на лица кои не знаат или не знаат доволно како

да ракуваат со моторната пила. Упатството за

работа мора секогаш да ви биде при рака.

Несоодветно обучените или изморените лица не

смеат да работат со моторната пила.

Чувајте ги сите делови на телото настрана од

моторната пила кога работи моторот. Проверете

дали моторната пила допира до нешто пред да ја

вклучите. Момент на невнимание додека работите

со моторната пила може да предизвика закачување

на облеката или телото за моторната пила.

Секогаш држете ја моторната пила со својата

десна рака на задната дршка и со левата рака на

предната дршка. Ако ја држите моторната пила

обратно, се зголемува ризикот од лична повреда и

не смее никогаш да се направи така.

Држете го алатот само за изолираните

површини за зафаќање бидејќи моторната пила

може да дојде во контакт со сокриените жици

или со својот кабел. Ако моторната пила дојде во

контакт со жица под напон, може да ги

електрифицира металните делови на алатот и да

предизвика електричен удар на операторот.

Носете заштитни очила и акустичка заштита. Се

препорачува и заштитна опрема за главата,

рацете, нозете и стапалата. Соодветната заштитна

облека ќе го намали ризикот од лична повреда

предизвикана од разлетаниот отпад или случајниот

контакт со моторната пила.

Не работете со моторната пила на дрво. Работата

со моторната пила на дрво доведува до лична

повреда.

Секогаш одржувајте соодветно стојалиште кога

работите со моторната пила стоејќи само на

фиксна, безбедна и рамна површина. Лизгавите и

нестабилни површини како што се скалила може да

предизвикаат да ја загубите рамнотежата или

контролата врз моторната пила.

Advertising