Skil 0780 RT User Manual

Page 191

Advertising
background image

191

- исклучете го алатот со пуштање на прекинувачот

R

! не застанувајте ја пилата по сечење со

активирање на предната рачна заштита S 2 (=

сопирачка при повратен удар)

• Сопирачка при повратен удар $

Сопирачката при повратен удар е безбедносен

механизам којшто се активира преку предната рачна

заштита S кога ќе дојде до повратен удар ->

синџирот веднаш запира

Следната проверка на функциите треба да се

извршува на редовни интервали:

- притиснете ја предната рачна заштита S напред и

вклучете ја пилата -> синџирот не смее да се

придвижи

- пуштете го прекинувачот за активирање за да ја

дезактивирате сопирачката при повратен удар R и

повлечете ја рачната заштита S назад

• Работа со алатот %

- секогаш држете ја моторната пила цврсто со

двете раце (предниот држач T со левата рака, а

задниот држач U со десна рака). Никогаш не

работете со пилата само со една рака %a

- проверете дали кабелот за напојување е поставен

одзади и подалеку од синџирот и дрвото; така

поставен нема да се зафати во гранките за време

на сечењето

! синџирот мора да се движи со полна брзина

пред да го допре дрвото

- користете метални запци за зафаќање V за да ја

обезбедите пилата врз дрвото пред да почне да

сече %a

- користете ги запците за зафаќање како точка за

порамнување “✱” при сечење %a

- ресетирајте ги запците на пониска точка кога

сечете подебели трупци со тоа што ќе ја повлечете

пилата малку наназад за да се ослободат запците

и потоа поставете на на пониско ниво за да

продолжите со сечење. Не тргајте ја пилата

сосема од дрвото

- не применувајте сила врз синџирот додека сечете.

Оставете го синџирот да работи со запците за

зафаќање V и применете минимален притисок за

порамнување

- користете ја пилата само ако стоите безбедно

- држете ја пилата оддесно на телото %б

- не работете со пилата со истегнати раце или во

обид да достигнете области што се високо или на

скалило %в

- никогаш не користете ја пилата над висината на

рамото %г

- сечењето е оптимално кога брзината на синџирот

е непроменлива во текот на сечењето

! внимавајте кога ќе дојдете до крајот на сечењето;

тежината на пилата може да се смени

неочекувано кога ќе се ослободи од дрвото (може

да дојде до повреда на нозете или стапалата)

! секогаш вадете ја пилата од дрвото додека таа

работи

• Сечење трупци

- потпрете ги трупците така што составните страни

на пресекот нема да се склопат една кон друга;

тоа доведува до заглавување или закачување на

синџирот

- поставете кратки трупци пред пилењето

- кога сечете, секогаш обрнувајте внимание да не

удирате во камења, клинци и слично бидејќи тие

може да се отфрлат или да предизвикаат

оштетување на синџирот или сериозна повреда на

операторот и луѓето во близина

! одржувајте го синџирот во движење подалеку

од жичена ограда или од земјата

- сечењата по должина мора да се извршуваат

внимателно бидејќи порамнувањето со запците за

зафаќање V 2 не е можно; сечете под рамен агол

за да избегнете повратен удар

- постои голем ризик од несреќи кога сечете дрво,

гранка или дрвја коишто се затегнати; обрнете

исклучително внимание (оставете ги овие

работи на професионалци)

• Делкање на трупец (сечење трупец по должина)

- кога е можно, трупецот треба да биде исправен и

потпрен со гранки, други трупци или клинови

- важно е да обезбедите цврсто стојалиште и

рамномерно да ја распоредите тежината на двете

нозе

- кога трупецот ќе биде потпрен по целата должина

како што е прикажано на сликата, тој се сече

одгоре(делкање одгоре) ^a

- кога трупецот е потпрен од едната страна како

што е прикажано на сликата, исечете 1/3 во

дијаметар одоздола (долно делкање) и потоа

направете го завршното сечење со тоа што ќе

дојдете до првото засекување ^б

- кога трупецот е потпрен од двете страни како што

е прикажано на сликата, исечете 1/3 во дијаметар

одозгора (горно делкање) и потоа направете го

завршното сечење на останатите 2/3 со тоа што ќе

дојдете до првото засекување ^в

- кога делкањето е на закосен терен, секогаш

стојте на повисоката страна на трупецот

- кога “пресекувате”, за да одржите целосна

контрола, отпуштете го притисокот за сечење при

крајот на пресекувањето без да го олабавите

зафатот на држачите на пилата

! не дозволувајте синџирот да ја допре земјата

- по завршување на пресекот, почекајте синџирот

на пилата да застане пред да ја поместите пилата

- секогаш исклучувајте го моторот пред да се

движите од дрво до дрво

• Соборување дрва &

! моторната пила може да се користи само за

соборување дрва чијшто дијаметар е помал од

должината на лостот

! обезбедете ја работната средина; обезбедете

да нема луѓе во близината на дрвото кога ќе

паѓа

! никогаш не обидувајте се да ја ослободите

заглавената пила додека работи моторот;

користете дрвени клинови за да ги

ослободите синџирот и лостот

! секогаш носете цврст шлем за да ја заштитите

главата од гранките што паѓаат

Advertising