Совети за примена, Одржување/сервисирање – Skil 0760 RA User Manual

Page 88

Advertising
background image

88

- притиснете го заклучувањето за прекинувачот A,

насочете го распрскувачот G кон областа што

треба да се испере и потоа повлечете го

прекинувачот B

- менувајте меѓу концентриран млаз вода и широк

распрскување со вртење на млазникот G

- ако го пуштите прекинувачот, B моторот

престанува со работа неколку секунди откако ќе

се постигне максималниот притисок

- исклучете го алатот со притиснување на копчето

“О” на прекинувачот за напојување F

- затворете ја славината

- држете го прекинувачот притиснат докрај B

додека не снема вода под притисок во алатот

- по употребата, притиснете го заклучувањето за

прекинувачот A за да спречите тој B да се

активира случајно

! исклучете го приклучокот од штекер и

проверете дали сечивото веќе не ротира

- извадете го цревото за довод на вода од алатот и

од славината

• Употреба на шишето за детергент 9

! проверете дали прекинувачот е заклучен и

главниот прекинувач е во позиција за

исклученост

- отшрафете го шишето H од прскалката за

детергент J и наполнете го со биоразградлив

детергент соодветен за примена со вода под

висок притисок (употребата на други

детергенти или хемикалии може неповолно да

влијаат врз безбедноста на алатот)

! не користете нерастворени детергенти

- зашрафете го наполнето шише H на прскалката за

детергент J

- извадете го разделникот K од рачниот пиштол L и

поставете ја прскалката за детергент J како што е

прикажано на сликата

- притиснете го заклучувањето за прекинувачот A,

насочете ја прскалката за детергент J кон областа

што треба да се испере и потоа повлечете го

прекинувачот B

! детергентот нема да излегува под висок

притисок

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

• Кога го користите шишето за детергент H

! прочитајте ја етикетата за детергентот за

дополнителни упатства

- секогаш прво намокрете ги предметите за перење

- ставајте детергент врз предметот оддолу нагоре

- оставете му време на детергентот да дејствува, но

не оставајте го да се исуши

- плакнете одгоре надолу

• Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

• Овој алат не е наменет за професионална употреба

• Пред одржување, секогаш исклучувајте го

алатот, проверете дали има вода во него и во

рачниот пиштол, извадете го приклучокот од

штекер и извадете го алатот од доводот за вода

• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти

(особено отворите за ладење S 2)

- не користете вода, растворувачи или политура

- редовно чистете ја прскалката G со иглата за

чистење M 0 (прво извадете го разделникот за

спрејот K од рачниот пиштол L)

• Редовно проверувајте дали деловите се оштетени или

изабени и поправете/заменете ги ако е неопходно

• Чистење на филтерот за вода

- извадете го филтерот за вода E 2 од конекторот

за довод C 2 со клешта со долги запци

- исплакнете го да се исчисти и вратете го на место

(заменете го ако е оштетен)

! никогаш не користете го алатот со оштетен

филтер за вода

• Чување !

- чувајте го алатот подалеку од дофат на деца и на

место каде температурата не надминува 40°C и не

се спушта под 0°C

- не ставајте други предмети врз алатот

- внимателно поставете ја шината за складирање N

на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и

порамнете хоризонтално

- користете ги шината за чување N и каишките за

складирање P како што е прикажано на сликата

• Доколку алатот и покрај внимателното работење и

контрола некогаш откаже, поправката мора да ја

изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- во случај на примедба, испратете го алатот

нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до

вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис

(адресите се наведени на www.skil.com)

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

• Следниот список ги прикажува симптомите за

проблемите, можните причини и дејства за поправка

(контактирајте со продавачот или сервисерот ако

истите не го идентификуваат ниту решаваат

проблемот)

! исклучете ја машината и извадете го

приклучокот пред да го истражувате

проблемот

★ Млазот не е постојан

- прскалката е делумно блокирана -> исчистете ја

прскалката

★ Моторот не се вклучува или се исклучува

неочекувано

- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->

користете друг штекер

- приклучокот не е поврзан -> поврзете го

приклучокот

- термалната заштита го исклучи моторот ->

оставете го алатот да се лади 5 минути

★ Моторот работи, но млазот не е добар

- прскалката е целосно блокирана -> исчистете ја

прскалката

- филтерот за вода е затнат -> исчистете го

филтерот за вода

- има воздух во пумпата -> проверете дали

конекторот за довод на вода е правилно наместен

- несоодветен довод на вода -> проверете дали

славината е отворена докрај

Advertising