Лиценци – Samsung PS64F8500SL User Manual
Page 288

Македонски - 24
Водичи
Лиценци
• Можно е да ви наплатат дополнително доколку
− (a) повикате инженер кој ќе утврди дека нема дефект на производот
(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење)
− (b) го донесете уредот во сервисен центар каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот
(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење).
• Износот за дополнителната наплата ќе ви биде соопштен пред да започнат со поправката или да ве посетат во
домот.
Совети за корисниците
• Задржување на сликата на екранот
Избегнувајте прикажување на неподвижна слика (како при играње игри) и мали неподвижни ознаки на
екранот со плазма подолго време, бидејќи тоа може да предизвика задржување на сликата на екранот.
Ова заостанување на сликата е познато и како “горење на екранот”. За да избегнете заостанување на
сликата, намалете го нивото на осветленост и контраст на екранот при прикажување на неподвижна
слика.
• Топлина на горниот дел од телевизорот со плазма
По долги периоди на користење горниот дел од производот може да стане многу топол бидејќи топлината
од екранот низ отворот за вентилација се движи кон горниот дел на производот. Ова е нормално и не
претставува знак на дефект или проблем во функционирањето на производот.
Меѓутоа, на децата не треба да им се дозволи да го допираат горниот дел на уредот.
• Производот создава звук на “крцкање”.
Понекогаш може да се слушне звук на “крцкање” при собирањето или ширењето на производот кое
настанува заради промените на температурата или влажноста во околината. Ова е нормално и не
претставува знак на дефект.
• Дефекти на ќелиите
PDP телевизорот користи екран кој се состои од 2.360.000(HD-ниво) до 6.221.000(FHD-ниво) пиксели за
чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку
светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.
• Избегнувајте користење на телевизорот на температури под 41°F (5°C)
[PF8500-XH]BN68-04828G_01L16.indb 24
2013-03-16 7:08:53