Samsung PS64F8500SL User Manual

Page 289

Advertising
background image

Македонски - 25

М

акедонски

• Предолгото прикажување на неподвижна слика може да предизвика трајно оштетување на PDP екранот.

Гледањето на плазма телевизорот во формат 4:3 подолг период може да остави траги на левиот,
десниот и централниот дел од екранот, кои се јавуваат поради разликата во емитувањето на светлината
на екранот. Репродукцијата од DVD или конзола за игри може да предизвика слични ефекти на екранот.
Оштетувањето предизвикано од горниот ефект не е покриено со гаранцијата.

• Заостанати облици од сликата на екранот.

Прикажувањето на неподвижна слика од видео игри и компјутер подолг временски период може да
предизвика делумни заостанати облици на сликата.
За спречување на овој ефект, намалете го “интензитетот” и “контрастот” при прикажување на неподвижни
слики подолго време.

• Гаранција

Гаранцијата не ги покрива оштетувањата предизвикани од задржување на сликата на екранот.
Горењето на екранот не е покриено со гаранцијата.

• Внимание

Стаклото на екранот на вашиот PDP телевизор може да се скрши доколку телевизорот случајно падне.
Внимателно ракувајте со телевизорот.
Како безбедносна мерка, при преместување на телевизорот, секогаш се потребни две или повеќе лица
за подигнување и пренесување. Не потпирајте го телевизорот на предната или задната страна.

Вашиот плазма телевизор од Samsung е висококвалитетен телевизор кој е внимателно спакуван за да се
заштити интегритетот на стаклениот екран и составните делови при испорака. Всушност, тој е кршлив
електронски уред, за кој е потребно внимателно ракување. Не дозволувајте да дојде до притиснување на
кој било дел од пакувањето при испорачување или отпакување на телевизорот. Бидете внимателни при
инсталирање на телевизорот. Не го поставувајте телевизорот на места во кои може да се заглави, да биде
изложен на удар од остри предмети или да падне. Кршењето на панелот како резултат на паѓање или удар
не е покриено во гаранцијата која ја нуди производителот.

[PF8500-XH]BN68-04828G_01L16.indb 25

2013-03-16 7:08:53

Advertising
This manual is related to the following products: