Префрлување помеѓу видео извори, Поставување на универзалниот далечински управувач, Додадете надворешен уред – Samsung UE40F6400AK User Manual

Page 274

Advertising
background image

Македонски

- 10

Префрлување помеѓу
видео извори

Притиснете го копчето

SOURCE

за префрлување

помеѓу уредите кои се поврзани на телевизорот.
На пример, за да преминете на конзолата за игри која
е поврзана на вториот HDMI приклучок, притиснете
го копчето

SOURCE

. Од листата на функцијата Извор

изберете HDMI2. Имињата на приклучоците може
да бидат различни во зависност од производот.
Изберете го копчето Алатки

во горниот десен агол од

екранот за да пристапите до следните функции.

• Информации

Погледнете детални информации за поврзаните
уреди.

• Уреди име

Овозможува промена на името на уредите
поврзани на телевизорот, за полесно
препознавање на надворешните извори.
На пример, ако на HDMI (DVI) приклучокот на
телевизорот сте приклучиле компјутер со HDMI
кабел, ќе можете да извршите промена на Уреди
име во PC.
5На пример, ако на HDMI (DVI) приклучокот на

телевизорот сте приклучиле AV уред со HDMI-
кон-DVI кабел, ќе можете да извршите промена
на Уреди име во DVI уреди.

Anynet+ (HDMI-CEC)

Ќе се појави листа на која ќе бидат прикажани
оние надворешни уреди кои се компатибилни со
Anynet+ и се поврзани со телевизорот.

Оваа функција е достапна само кога
функцијата

Anynet+ (HDMI-CEC) е поставенa

на Вкл.

• Отстрани USB

Отстранете го USB уредот од листата на безбеден
начин. Оваа функција е достапна само кога USB
уредот е избран.

• Постави униве. далечинско

За да додадете нов надворешен уред кој ќе
го контролирате преку Touch Remote Control,
притиснете го копчето

SOURCE

и изберете

Постави униве. далечинско во горниот десен
агол од екранот. Користејќи го универзалниот
далечински управувач, корисниците можат да ги
контролираат надворешните уреди поврзани со
телевизорот, како на пример settop box уред, Blu-
ray плеер и AV ресивер.

Поставување на универзалниот далечински управувач

Овој телевизор нуди функција на универзален далечински управувач која ви овозможува да контролирате
кабелски приемници, Blu-ray плеери, домашни кина и други надворешни уреди од трети страни кои се поврзани
на телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот.

Функцијата Постави униве. далечинско може да не поддржува одредени стари или сите нови модели на
надворешни уреди кои се поврзани со телевизорот.

Одржувајте растојание од најмалку 5 cm помеѓу IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ и надворешниот уред,
како што е прикажано на сликата. Насочете го IR ПРОДОЛЖИТЕЛНИОТ КАБЕЛ кон приемникот за сигнали
за далечинскиот управувач на надворешниот уред. Имајте предвид дека не треба да има пречки помеѓу IR
продолжетокот и надворешниот уред. Пречките ќе пречат при пренесувањето на сигналот за далечинско
управување.

Додадете надворешен уред

1. Вклучете го надворешниот уред за кој сакате да ја поставите функцијата за универзален далечински

управувач, а потота притиснете

SOURCE

за да го отворите екранот на функцијата Извор.

2. Изберете Постави униве. далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа ќе ја започнете постапката за

поставување на универзалниот далечински управувач.

3. Следете ги инструкциите на екранот и поставете го универзалниот далечински управувач. Ако далечинскиот

управувач не функционира, поставете го со рачно внесување на бројот на моделот.

[UE6400-XH]BN68-04778D-05L16.indb 10

2013-11-14 2:59:49

Advertising
This manual is related to the following products: