Bosch GCO 2000 Professional User Manual

Page 163

Advertising
background image

Македонски | 163

Bosch Power Tools

1 609 92A 0CZ | (3.7.13)

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата,

додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да

биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.

Безбедносни напомени за брусилки за сечење
со брусни плочи

Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да

настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со брусната плоча за сечење.

Секогаш користете ја заштитната хауба. Заштитната

хауба го штити корисникот од скршените делови на
брусната плоча за сечење и од невнимателно допирање
на истата.

Проверете дали заштитната хауба може правилно

да функционира и дали може слободно да се движи.
Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена
состојба.

Користете го електричниот апарат само за сечење

во суви материјали. Навлегувањето на вода во
електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.

Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што

се вметнуваат. Струјниот кабел може да се пресече
или да се зафати.

Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги

замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.

Никогаш не ги отстранувајте остатоците од

сечењето, металните струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.

Брусната плоча за сечење водете ја кон делот што се

обработува само доколку е вклучена. Инаку постои
опасност од повратен удар, доколку брусната плоча за
сечење се заглави во делот што се обработува.

Користете го електричниот уред само доколку на

работната површина до делот што се обработува
нема алати за подесување, метални струготини итн.
Малите метални парчиња или другите предмети, кои
доаѓаат во контакт со брусната плоча за сечење, може
да летнат кон корисникот со голема брзина.

Секогаш зацврстувајте го добро делот што се

обработува. Не обработувајте парчиња, кои се
премали за добро да се зацврстат.
Растојанието од
вашата дланка до ротирачката брусна плоча за сечење
така би било премало.

Доколку брусната плоча за сечење се заглави,

исклучете го електричниот апарат и почекајте
додека брусната плоча за сечење не дојде целосно
во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.

По исклучувањето не ја закочувајте брусната плоча

за сечење со странично притискање. Брусната плоча
за сечење може да се оштети, скрши или да предизвика
повратен удар.

Не ја туркајте брусната пола за сечење со сила во

делот што се обработува или не употребувајте
преголем притисок при употребата на електричниот
апарат. Избегнувајте го заглавувањето на брусната
плоча за сечење кога работите во ќошеви, остри
рабови итн.
Доколку се оштети брусната плоча за
сечење поради неправилна употреба, може да се
создадат пукнатини, и ова да доведе до пукање на
брусната плоча за сечење без предупредување.

Носете работна престилка. Внимавајте на тоа, да

нема лица во близина на искрите што летаат.
Отстранете ги запаливите материјали што се во
близина.
При брусењето на материјали настанува
опасност од искрите што летаат.

Користете брусилката за сечење со брусни плочи

само за материјали, кои се соодветно наменети за
таа употреба.
Инаку брусилката за сечење со брусни
плочи може да се преоптовари.

Не користете оштетени, нетркалезни или брусни

плочи за сечење што вибрираат. Оштетените брусни
плочи за сечење предизвикуваат зголемено триење,
заглавување на брусната плоча за сечење и повратен
удар.

Секогаш користете брусни плочи за сечење со

правилна големина и со соодветен отвор на
прифатот (на пр. ромбоиден или тркалезен).
Брусните плочи за сечење, што не одговараат на
монтажните делови на брусилката за сечење со брусни
плочи, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.

Не користете синџирести или запчести листови за

пила. Таквите алати за вметнување честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на
контролата над електричниот апарат.

Придржувајте се кон упатството за употреба на

производителот на брусилката за сечење со брусни
плочи во врска со монтажата и користењето на
брусната плоча за сечење.
Несоодветните брусни
плочи за сечење може да предизвикаат повреди како и
блокирање, кршење или повратен удар.

OBJ_BUCH-1063-003.book Page 163 Wednesday, July 3, 2013 1:51 PM

Advertising